Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра

октомври 20, 2026

УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер

октомври 20, 2026

Цената на нафтата драстично скокна

октомври 20, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
  • Албанската влада разгледува намалување на возраста за кривична одговорност и забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години
  • ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец октомври 70.358 денари – зголемена e за 926 денари
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ребалансот во собраниска процедура, поднесени околу 170 амандмани
Македонија

Ребалансот во собраниска процедура, поднесени околу 170 амандмани

октомври 16, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ребалансот на Буџетот за 2020 година влезе во собраниска постапка. Расправата почна во матичната Комисија за финансирање и буџет, која треба да заврши за  10 работни дена, по што со усвоени амандмани се испраќа во Собранието. Очекувањата на премиерот Зоран Заев се тој да биде донесен навреме за да може да се финансираат мерките од четвртиот пакет антикризни мерки, а според министерот за финансии Фатмир Бесими, кој го образложи предлог-ребалансот пред матичното собраниско тело, таргетираните мерки ќе го амортизираат ударот врз погодените домашни компании преку стимулирање на приватната потрошувачка и поддршка на приватниот сектор

-Со ребалансот на буџетот се овозможува спроведување на четвртиот пакет антикризни мерки, кој има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да закрепне одредени дејности и да обезбеди стабилност на социјалните трансфери, истакна вчера на почетокот на расправата министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој појасни дека четвртиот пакет мерки се состои од три столба и тоа првиот е наменет за граѓаните и за сочувување на нивниот стандард, вториот за приватниот сектор, односно за економската активност и работните места, а третиот столб подразбира фискална и финансиска стабилност на економијата во целина.

– Како резултат на ова, во услови на непроменето ниво на буџетски дефицит во апсолутен износ од 56,6 милијарди денари, истиот како процент од БДП изнесува 8,5 проценти, наместо 8,4 проценти. Јавниот долг во вториот квартал, кој во апсолутен износ, исто така е непроменет, но заради надолната ревизија на номиналниот БДП истиот од 59,5 проценти од БДП, со новата проекција изнесува 60,3 проценти од БДП, појасни Бесими.

Вкупните приходи со ребалансот се планирани на ниво од 196,3 милијарди денари и истите се планирани на речиси идентично ниво во однос на планот, додека вкупните расходи се планирани на ниво од 253 милијарди денари или за 4,1 проценти, односно за околу 10 милијарди денари повисоки во однос на планот.

Со ребалансот на буџетот се додаваат средства во програмата на Владата која е наменета за спроведување на дел од мерките од четвртиот сет како мерки за поддршка за исплата на плата за компании кои имаат одреден пад на приходи како последица на пандемијата, домашна платежна картичка, поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња, туристички водичи, регистрирани како самостојни вршители на дејност, враќање на туристичка такса за 2019 година за остварени ноќевања, македонски викенд шопинг со МојДДВ, државна гарантна шема и царинската гаранција и грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби.

Проектираниот дефицит за 2020 година, отплатата по основ на главница на надворешен долг во износ од 26,9 милијарди денари  и отплатата на домашен долг во износ од 15,3 милијарди денари ќе се финансираат преку задолжување во странство и на домашниот пазар на државни хартии од вредност.

Поради ревидирани податоци за БДПза 2019 година, дефицитот како процент од БДП изнесува 8,5 отсто, додека нвоат апроекција на јавниот долг изнесува 60,3 проценти.

На предложениот ребаланс поднесени се околу 170 амандмани, а премиерот Заев порача до министерот за финансии да ги рпифати сите амандмани кои се добри и можат да бидат исфинансирани.

– Сега се разбиени буквално сите лимити на јавен долг и во светот и во Европа и насекаде. Ние немаме проблем, Буџетот е стабилен. Гледате дека најголемите даноци, ДДВ, персоналниот данок на дохот и данокот на добивка, иако имаме одложени аконтации со одлуки или уредби со законски сили сите се или на исто ниво или имаме одредено зголемување. Ние сме финансиски стабилни, екстензивноста на Буџетот, којашто ја гледате во овој ребаланс, а веројатно ќе ја има се додека трае кризата, е барање начин како да се вбризгаат допополнително плус пари за да и помогнеме на економијата, потенцираше претседателот на Владата, изјави премиерот.

Тој изрази уверување дека ребалансот ќе се донесе навремено, согласно сите процедури во Собранието.
– Мене ми е значајно ако може како што се запазени процедурите до крајот на октомври, затоа што сите тие алоцирани пари треба да ги вбризгаме, истрошиме, исплатиме, во ноември и декември и се многу значајни средства коишто, очекуваме дури падот на БДП од пет проценти, токму заради тие пари да биде намален на минус 4,4 отсто, истакна Заев.

Пратениците низ конструктивна и отворена дебата да ги поддржат измените и дополнувањата на Буџетот ги повика и Костадин Костадинов од СДСМ.

-Сега не е време за теснопартиско однесување, сега е време да им помогнеме на нашите сограѓани, да и помогнеме на нашата, македонска економија. Да се водиме од одговорноста што ни е дадена и да го изгласаме ребалансот на Буџетот за 2020 година, рече Костадинов.

Оценката на опозицијата е дека ребалансот е популистички и оти не се фокусира на она што значи раст на БДП. Обвинија за неуспех и на првите три сета мерки кои, како што посочија, се исккористени едвај 33 проценти.

актуелно амандамни процедура ребаланс
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра

октомври 20, 2026

УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер

октомври 20, 2026

Цената на нафтата драстично скокна

октомври 20, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.