Јапонија, Велика Британија и Италија веќе следната недела ќе објават револуционерен договор за заеднички развој на напреден борбен авион, соопштија два информирани извори.
За Токио и Лондон ова значи кулминација на претходните одбранбени врски, кои за возврат и даваат на Британија поголема безбедносна улога во Азија, а на Јапонија и обезбедуваат нови безбедносни партнери кои можат да и помогнат во борбата против растечката воена моќ на соседна Кина.
За обидот за спојување на проектот на млазен ловец „Темпест“ (Tempest) под британско водство со јапонската програма на борбениот Ф-Х (F-X) првпат беше објавено во јули.
Ова е првпат Јапонија да соработува со земји надвор од САД на голем проект за одбранбена опрема.
Проектот ќе биде објавен пред Јапонија да објави нова стратегија за национална безбедност и план за воени набавки, велат изворите.
Со зголемување на вооружувањето, кое би можело да го удвои јапонскиот буџет за одбрана на земјата на околу 5 отсто од бруто домашниот производ во следните неколку години, ќе се плати за ново оружје, вклучително и ракети со долг дострел за да ја одврати Кина од воена акција во и околу Источното Кинеско Море.
Разговорите меѓу Јапонија, Британија и Италија за нов борбен авион ќе продолжат следната година за да се утврдат деталите за поделбата на работата, велат изворите.
„Јапонската владејачка Либерално-демократска партија ги разгледува предлозите да ги ублажи своите правила на воен увоз, за да може заедничкиот борбен авион да се извезува“, рече Ицунори Онодера, поранешен јапонски министер за одбрана и влијателен пратеник во интервју, минатиот месец.







