Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Регионален форум „Рудници: Да или не“ во Струмица
Во Фокусот

Регионален форум „Рудници: Да или не“ во Струмица

декември 5, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На Македонија и недостига долгорочна Стратегија за развој на рударството, која ќе донесе до затворање на некои денес актуелни прашања, смета претседателот на Асоцијацијата на рударство про Стопанската комора, Николајчо Николов.

Пред почетокот на регионалниот форум „Рудници: Да или не?“, Николов посочи дека тоа е многу генерално прашање кое е тешко да се одговори.

„Јас доаѓам од рудникот Бучим. Тоа не е рудник на смртта, туку рудник на животот. Од него се живеат 700 работници и нивните семејства. За да се определи државата дали е за нови или рудници воопшто треба дебата на многу стручно ниво и тогаш да се оцени дали и каде во Македонија треба да со отворат нови рудници. Секако не може да бидеме генерално против рудници, туку треба да се размисли дали на некои места е целисходно да се отвора рудник, особено ако станува збор за земјоделски краеви кои остваруваат значителни приходи од оваа дејност, рече Николов.

Смета дека државата мора да има долгорочни стратегии и за другите области.

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, смета дека Владата може слободно да го затвори рудникот „Казандол“ кај Валандово поради непочитување на обврски од договорот.

„Нашата правна комисија и комисијата за животна средина направија детална анализа на договорот кој го прибавивме од активисти на иницијативата „Спас за Валандово“ прибавена преку Законот за слободен пристап на информации и таму јасно се гледа дека рудникот „казандол“ треба да се затвори под итно. Зошто? По многу основи, зошто концесионерот не исполнил редица услови од таа концесија, но пред се по една, концесионерот е далеку од завршување на градежната фаза. Досега требаше да биде завршена и рудникот да работи. Значи Владата може спокојно да го раскине договорот со концесионерот на „Казандол“ и не само што нема да плати пенали, туку тој треба да плати пенали на државата поради штетите, рече Поповска.

Градоначалниците од Валандово, Перо Костадинов, рече дека останува на ставот против работата на рудникот „Казандол“.

„По мојата прес конференција на која објавив дека имаме сериозни индиции за нетранспарентно склучување на договорот со концесионерот за рудникот „Казандол“, имаме информации дека институциите работат по допрен глас. Јас и пред да станам градоначалник и сега, развојот на тој крај го гледам преку земјоделството, рече Костадинов.

Од иницијативата „Спас за Валандово“, најави одржување протестен марш.

„В петок на 8 декември ние ќе тргнеме од центарот на Валандово кон рудникот „Казандол“ за да го искажеме уште еднаш нашиот став. Потоа ќе ги испратиме нашите барања до Владата и ресорните министерства за итно запирање на работите на рудникот „Казандол“, рече активистот Роберт Марков.

Денешниот регионален форум беше во организација на Цивика Мобитас.

актуелно Валандово Влада на РМ ДОМ Казандол македонија рудници
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.