Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Регионот во трка за “Фолксваген“
Финансии

Регионот во трка за “Фолксваген“

октомври 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По Србија и Хрватска, од вчера и Босна и Херцеговина се вклучи во трката за привлекување на инвестиција на „Фолксваген“ од 1,3 милијарди евра, откако многу земји од регионот веќе почнаа да ги истакнуваат своите шанси во новонастанатата ситуација околу турската офанзива во Сирија.

„Испративме писмо за интереси и сега чекаме, не се откажуваме“, изјавиле од кабинетот на премиерот на Федерацијата БиХ, Фадил Новалиќ, за „Дневни аваз“.

Според информациите на весникот, за изградба на нова фабрика на автомобилскиот гигант му биле понудени две локации, и двете на подрачјето околу Сараево.

„Ним им треба огромна површина, а такви нема којзнае колку. Едната е на местото каде што некогаш беше ТАС, а другата во општината Нови Град. Понудивме и некои погодности, услови на финансирање“, истакнуваат упатени во ова прашање, оценуваќи дека ниту Турција не е сто отсто „отпадната“.

Хрватските медиуми, исто така, пишуваат за посетата на германскиот министер за стопанство на Хрватска и за нејзиното влегување во битката за оваа инвестиција вредна повеќе од една милијарда евра.

Изгледите за тоа Хрватска да ја добие инвестицијата на „Фолксваген“ не беа големи ниту претходно, а не се ниту сега, ништо не се има сменето, се истакнува во текст објавен на „Пословни дневник“.

Иако хрватскиот министер за стопанство, Дарко Хорват, на својот германски колега Ппетер Алтмаер му искажа подготвеност Хрватска да прифати дел од производството кое „Фолксваген“ да го премести од Германија, мали се шансите такво нешто да се реализира, пишува весникот повикувајќи се на добро упатени извори.

По повод новата трка во регионот околу оваа германска компанија, се огласи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се наведува во текстот.

„Ветив уште од самиот почеток дека ќе се бориме. Видовме дека некои земји ги зголемија нивните понуди за „Фолксваген“, а ние понудивме многу повеќе. Во готови пари не можеме да понудиме којзне колку многу, не затоа што немаме, туку затоа што имаме ограничување, но во се друго сме подготвени да дадеме и двојно повеќе од конкурентите“, изјавил Вучиќ.

Германскиот весник „Велт“ пишува дека проектот за изградба на фабрика на „Фолксваген“ во Турција зависи од понатамошниот развој на политичката ситуација во врска со турската офанзива во Сирија.

Весникот потсетува дека германската компанија ги замрзнала плановите за отварање фабрика во Турција откако турската војска ја почна воената интервенција во Сирија.

„Го следиме развојот на настаните. Плановите за Турција моментно се ставени на чекање. Не бараме активно алтернативни локации, но сепак…“, ја пренесува „Велт“ завчерашната изјава на шрфот за производство во „Фолксваген“, Андреас Тостман, и оценува дека, во зависност од понатамошниот политички развој, „Фолксваген“ си остава на себе отворени понатамошни можности.

Босна германија инвестиција сирија србија турција Фолксваген хрватска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Извозот и увозот растат, – најмногу се тргува со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

октомври 6, 2026

Турција е најголем странски инвеститор во Албанија

октомври 2, 2026

Фајненшнл Тајмс: Изборите во Србија на 25 октомври ќе бидат најтешката битка во политичката кариера на националистот Вучиќ

септември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.