Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » РЕДОК ФЕНОМЕН: Замрзна морето кај Трст и покрај високата температура
Во Фокусот

РЕДОК ФЕНОМЕН: Замрзна морето кај Трст и покрај високата температура

февруари 1, 2024Updated:февруари 1, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сите кои утрово се најдоа во близина на дворецот Мирамар, близу Трст, во Италија, во морето можеле да видат природен феномен каков што не е виден 25 години. Над морското ниво во текот на ноќта, на поширокото подрачје на заливот, се формирала тенка кора од мраз, пишува Приморски дневник.

Сличен случај последен пат е забележан во 1999 година, на 25 јануари, кога временските услови биле слични на денешните.

Тогаш се пишувало за вистинска сензација, бидејќи измерените температури биле неколку степени Целзиусови над нулата.

Новинарот Дарко Брадаси пишува дека над тоа подрачје владее силен антициклон со многу топол висински воздух.

На тој начин, радиосондата од Риволт на полноќ ја утврди точката на смрзнување на водата на висина од околу 2.936 метри, што укажува на стабилна атмосфера и изразен температурен пресврт.

Утрово на пристаништето во Трст се измерени 3,4 степени Целзиусови.

Поради изразената стабилност на атмосферата и отсуството на значителни ветрови, голема е веројатноста дека температурите во најниските слоеви на земјата биле за неколку степени пониски отколку на висина од околу два метри, каде што се поставени официјалните термометри, објасни Брадаси.

Според него, важна улога има тенкиот слој магла, кој веќе неколку дена се задржува над морето, ги запира сончевите зраци и ја зголемува концентрацијата на слатка вода во тенкиот горен слој на морето, како и многу мирното море.

А, тоа, морето, последните неколку дена е целосно мирно, без бранови.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Илустрација / Алесандро Мичелаци)

актуелно италија море мраз Трст
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.