Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Релативно фер и пристојнa прва недела од претседателската кампања
Македонија

Релативно фер и пристојнa прва недела од претседателската кампања

април 9, 2019Updated:април 9, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателските кандидати водат релативно фер и пристојнa кампања и во досегашниот дел се држат до потпишаниот Кодексот за фер и демократски избори, сметаат политичките аналитичари.

Очекуваат зголемување на темпото на кампањата во неделата што следи и кандидатите да ги кристализираат ставовите за гласачите да може јасни да ги разликуваат.

Имаше пецкања, забелешки, провокации, но немаше ниски удари меѓу нив. Иако имаше наектрелизираност кај Пендаровски и Силјановска-Давкова, сепак, и првиот ТВ дуел мина релативно мирно, со меѓусебно ракување и поздравување на тројцата кандидати крајот од соочувањето.

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу смета дека кандидатите релативно добро се држат во досегашната кампања.

„Не е нивото на овие избори како што знаеме дека може да биде. Не користат така ниски удари, како што сме навикнале, сепак е ова професорска група на кандидати“, изјави Муслиу.

Според политичкиот аналитичар Петар Арсовски кандидатите генерално се држат до нивото на фер и демократска кампања, со некои исклучоци за „Ad hominem “ напади, меѓутоа во моментот тоа не е толку страшно.

„Мислам дека кампањата тече по некаков пристоен колосек. Има повеќе дебати, граѓаните имаат можност да ги видат кандидатите во живо, така што во моментот, мислам дека не е проблематичен тој дел“, изјави Арсовски.

Надпартиски кандидати „заробени“ во агендите на политичките партии

Претседателските кандидати, иако се најавуваа како надпартиски и консензуални, според аналитичарите не успеале да избегаат од политичката агенда на партиите и дека пораките им се во склоп со ставовите на политичките партии кои ги поддржуваат.

Според Арсовски, кандидатите се презентираат себеси како надпартиски, меѓутоа во основа нив ги бира партиски конгрес, и во таа смисла, посочува дека, повеќе станува збор за некаква мешавина меѓу нивната позиција на непартиски кандидат и фактот што партиите ги кандидираат.

Муслиу, посочува дека иако тројцата кандидати се трудат да се прикажат надпартиски бидејќи сакаат да земат и дел од неопределените гласови, тоа не може да го види во нивните настапи.

„Пендаровски е со пораката „Заедно напред“ и со неа апелира до сите етнички заедници, што е прилично иста порака со слоганот „Живот за сите“. Силјановска-Давкова е во опсегот на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ и за Преспанскиот договор и за функционалноста на владата. Нема тука некоја разлика и не гледам каде се разликува. Река, можеби се труди да биде најнадпартиски, но и тој е во рамки на двете партии кои го поддржуваат“, вели Муслиу.

Социјалните медиуми генерално доминираат во кампањите

Социјалните медиуми генерално доминираат во кампањите на претседателските кандидати, меѓутоа не изостанува и искористувањето на колачот од државата за водење кампања.

Забележуваат дека Гордана Силјановска и Блерим Река водат повеќе конвенционална кампања со класични трибини и средби со граѓани, додека кај Стево Пендаровски може да се види нов начин со повеќе интеракција.

Арсовски, како омилен медиум на комуникација кај секој од кандидатите ги посочува социјалните медиуми.

„Може да речеме дека Река е малку поприсутен на традиционалните медиуми, меѓутоа генерално социјалните медиуми доминираат во кампањите на претседателските кандидати“, вели Арсовски.

Се телевизиските реклами, посочува Муслиу, ниту еден кандидат нема да промаши зошто друг ги подмирува сметките.

„Гледаме дека, дури и кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ го има во албански медиуми и Река го има кај медиумите на македонски јазик. Силјановска-Давкова и Река одат на тој класичен начин, преку трибини, додека Пендаровски оди на новиот начин пред публика и комуницира со нив. Видовме дека не преферираат дебати, ќе видиме на втората како ќе се однесуваат“, изјави Муслиу.

Кандидатите треба да ги кристализираат пораките

Експертите очекуваат зголемување на темпото на кампањата во следните недели, особено што политичките партии ќе наметнат наратив на власт-опозиција и победник-губитник.

Тројцата кандидати ќе треба да ги појаснат ставовите по одредени прашања и со тоа јасно да се дистанцираат пред гласачите на претстојните дебати.

Кандидатите во наредниот период, според Арсовски, треба малку повеќе да се фокусираат на нивните ингеренции, бидејќи засега премногу се фокусирани на општата политичка ситуација.

„Гордана Силјановска има проблем со наративот на сопствената партија и со фактот што тие немаат некаков план каде би се движеле, така што би сугерирал малку повеќе да се посвети на интеграцијата, особено со албанските гласачи и на нејзиниот план за настап во кампањата. Пендаровски треба малку повеќе да зборува за конкретните примери за тоа што би правел, а Река треба, исто така, малку да се посвети на сопствените ингеренции“, изјави Арсовски.

Муслиу, очекува кандидатите во следниот дел од кампањата да ги кристализираат пораките и да покажат јасни ставови за конкретни прашања, бидејќи засега се матни во адресирањето на своите пораки.

„Мислам дека Река и Пендаровски имаат појасни ставови, отколку Силјановска-Давкова. Некои прашања се незгодни, ама мора да се заземе став. На пример, Преспанскиот договор, дали ќе го раскине или не. Таа има некои најави за расчистување на пораката и мислам дека на тоа и работат. Оваа недела ќе биде многу појасен нејзиниот став“, вели Муслиу.

Очекува следната недела партиите повеќе да нападнат и дека повеќе ќе се бават и со влада и со опозиција, со успех и неуспех, и со функционалност и продуктивност.

„Мислам дека оваа недела треба да ги кристализираат ставовите за да се види разликата. Имавме мали разлики меѓу Пендаровски и Река и немаше опонирање меѓу нив. Ќе треба да се направи дистинкција зошто некој би се одлучил за овој или оној. Ќе треба последната недела појасно да може да ги разликуваме кандидатите и со јасни ставови во однос на ингеренциите кои ќе ги има идниот претседател“, изјави Муслиу.

актуелно кампања претседателски избори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.