Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Република Македонија ќе го избира шестиот претседател
Македонија

Република Македонија ќе го избира шестиот претседател

јануари 25, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Република Македонија во април годинава ќе се одржат шестите претседателски избори.

Изборите за претседател, како што предвидува Уставот на Република Македонија, треба да се распишат 60 дена пред истекот на мандатот на досегашниот шеф на државата. На актуелниот претседател Ѓорге Иванов вториот петгодишен мандат му истекува на 12 мај.

Иако сé уште е неизвесно кој сé ќе учествува во претседателската трка во јавноста се споменуваат повеќе имиња кои, како „пробен балон“ беа ставени во некои анкети за да се види рејтингот на претендентите за претседателската функција.

Досега ниту една политичка партија не излегла со свој кандидат за претседател на Републиката, иако по зачестените настапи во јавноста и по медиумите од одредени политичари се гледа дека покажуваат интерес да се вклучат во трката за „татко на државата“.

Премиерот Зоран Заев во последната изјава посочи дека околу десетина имиња се во игра за кандидат за претседателските избори на СДСМ.

„Мислам дека повеќе од десеттина имиња се истражуваат – Македонци, Албанци, Турци, Срби, повеќе имиња истражуваме, за да видиме како размислуваат граѓаните… Најприфатливото решение, впрочем би значело максимално консензуално прифатливо решение. Консензуален, во Македонија значи, сите да застанеме зад него, вели Заев.

Најави дека СДСМ на своите највисоки органи и тела ќе го дискутира и затвори ова прашање, а потоа јавноста ќе биде запознаена со нивната одлука.

Тој вели дека ќе овозможат избор на личност за претседател на државата со идентични стратешки интереси на мнозинството на граѓаните на нашата земја. Претседателка или претседател што, со високо чувство на одговорност, динамично и посветено ќе нуди решенија и ќе работи на интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ. Претседател-ка, како што посочува Заев, што е противник на поделбите и омразата и што ќе ја промовира Македонија како праведна земја, дел од глобалниот свет.

На иста линија со премиерот Заев за консензуален кандидат за претседател е и владиниот партнер – ДУИ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека нема да ги бојкотираат претседателските избори, туку напротив ќе учествуваат и ќе победат на истите. ВМРО-ДПМНЕ објави јавен оглас за пријавување кандидатури за избор на претседател на државата, што ќе биде отворен до 31 јануари.

Претседателскиот кандидат ќе го бираат 550 делегати на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ со тајно гласање. За избран ќе се смета кандидатот кој добил најмногу гласови од сите кандидати, но не помалку од 1/3 од вкупниот број на делегати.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев завчера прв објави дека се кандидира на огласот во неговата матична партија за изборот на нивни кандидат за претседател на државата.

Досега како можни кандидати на СДСМ во јавноста се споменуваат имињата на Стево Пендаровски, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Денко Малевски. Како можни кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, покрај Влатко Ѓорчев, се споменуваат и Антонио Милошоски, Трајко Славески, Гордана Силјановска, Зоран Ставрески, а од албанскиот политички табор се споменува името на поранешниот кандидат Имер Селмани.

актуелно избира кадидати македонија претседате
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.