Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Референдумот ќе има со или без ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

Референдумот ќе има со или без ВМРО-ДПМНЕ

јули 25, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев верува дека до 30 јули Собранието ќе донесе одлука за распишување на референдумот, кој, како што изјави денеска во одговор на новинарско прашање, ќе го организираат и без опозициската ВМРО-ДПМНЕ во случај со нив да не се постигне договор за што во тек се разговори на парламентарно ниво.

Во случај да не се постигне договор со ВМРО-ДПМНЕ очекува соодветно позиционирање на нивните пратеници за одлуките за распишување на референдумот, но и пред јавноста.

„Тие мора да кажат кој им е ставот, дали ќе бидат за бојкот, тивок бојкот, за повик за референдум, а да гласаат против, ќе бидат за повик, а граѓаните слободно да одлучуваат. Тоа е нивно право, но должност на сите е да обезбедат процесот да биде успешен“, изјави Заев, по старот на инвестицијата на турската компанија „Мурат Тиџарет“ во Бунарџик.

Заев не гледа потреба да свика нова лидерска средба, но посочува дека е отворен за сите аспекти, и ако е потребно може да биде свикана и од Христијан Мицкоски, со кого може да се видат и во Парламентот и да разговараат телефонски.

„Нема никаков проблем, се ќе сторам само да изнајдеме решение затоа што деновите се броени и одлуките мора да се носат“, рече Заев.

Пренесувајќи детали од разговорите тој наведе дека е договорено датумот за референдумот да биде колку што е можно порано заради тоа што при успешен референдум, би следувале уставни промени за кои се потребни меѓу 100 и 120 дена за до крај на јаунари и февруари Грција да го ратификува договорот.

„Заедно утврдивме тоа да биде колку што може порано дури го спомнавме и датумот 30 септември. Тоа значи дека до 30 јули Парламентот треба да донесе одлука. Не сакам да навлегувам во ингеренциите и надлежностите на Парламентот, но верувам дека ќе се стаса, ако се успее сите процеси да се придвижат и ако навистина Парламентот биде посветен, за да завршиме порано заради државните интереси“, рече Заев посочувајќи дека и покрај можноста да се додаде една или две недели, посакува на 30 јули да се донесе одлука во Собранието за да може да има референдум на 30 септември.

За карактерот на референдумот за кој ставот на власта е тој да биде консултативен, потенцираше дека се флексибилни заради тоа што одлуката се смета за успешна ако мнозинството од граѓаните гласаат за и ако гласаат 50 проценти плус еден гласач од вкупниот број на избирачи.

„Отворени сме за расправа за ова прашање дали да биде консултативен или обврзувачки, на крајот одлуката е задолжителна затоа што граѓаните теоретски може да излезат милион, а ако 600 илјади гласаат за, а 400 илјади гласаат против тогаш политичарите ја спроведуваат одлуката, гласаат во Парламентот и постигнуваме консензус. Ако излезат милион гласачи, 600 илјади се против, а 400 илјади се за, тогаш не важи Договорот со Грција. Ако излезат 800 илјади гласачи, 600 илјади гласаат за, а 200 илјади се против тогаш граѓаните не донеле одлука. Ако нема исполнет цензус нема одлука како што е по Уставот и тогаш останува институциите да одлучат, Парламетнот да гласа за уставни промени или да гласа против уставни промени“, посочи македонскиот премиер.

Проблемот, според него, е околу прашањето затоа што, како што рече, чесно, јасно образложливо, едноставно и фер кон граѓаните е да им се соопшти прашање кое што е основ за постигнување на Договорот со Грција за нашите интеграциски перспективи.

„Затоа, поставивме прашање – дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција. Од опозицијата добивме контра прашање кое гласи – дали сте за поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција потпишан од министерот Никола Димитров и Никос Коѕијас во Серадес (Нивици), кој што целосно го уништува македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската култура и македонската национална посебност. Тоа не е точно и ние не можеме да поставиме такво прашање на граѓаните, рече Заев, истакнувајќи дека Владата сака за прашања од национален интерес да се застане заедно, но оти граѓаните треба да знаат дека единствено е фер да се постави прашање кое е логичко на моментот во кој се живее и одлуките кои се очекуваат.“

Заев вели дека граѓаните ќе излезат на референдум, и дека е убаво опозицијата да ги каже своите ставови, заедно да се формулираат прашањата и заедно да се застане зад нив. Но, укажа дека не може да се постави едно прашање дали сте за ЕУ, дали сте за НАТО друго прашање, а трето прашање дали сте за Договорот со Грција.

„Ќе ги заокружиме првото и второто, а за третото сме против и тогаш која е целта на референдумот. Тогаш да поставиме и четврто прашање – дали сте согласни следниот претседател на Америка да биде од Македонија“, рече Заев потенцирајќи дека целта е сите да бидат сериозни.

Премиерот апелира референдумот да се одржи како успешен процес и притоа да се гарантира валидност и вреднување и на тие што ќе гласаат за и на тие што ќе гласаат против. Процесот треба да биде доволно мотивирачки за граѓаните да излезат и да донесат одлука.

„Мораме сериозно да се поставиме, јас сум отворен, дијалогот може да продолжи, можеме да комуницираме. Апелирам да се исправиме и да ја понесеме историската одговорност, конечно граѓаните ќе одлучуваат за вакво историско прашање. И зошто да се плашиме од одлука на граѓаните. Нели референдумот е врвот на демократијата? Ајде да овозможиме овој референдум да биде успешен процес. Ако јас гласам за, а Христијан Мицкоски гласа против, моето за мора да биде исто вредно како неговото не, оти тој има една алатка повеќе – да ги задржи гласачите дома, барем неговите членови, и тогаш е безвредно моето за“, рече Заев.

актуелно вмро-дпмне Грција Зоран Заев парламент референдум
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.