Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Реформи и стандарди за конкурентна економија во ЕУ
Економија

Реформи и стандарди за конкурентна економија во ЕУ

април 5, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сите да се вклучат во развој на економијата и нејзино прилагодување на европскиот пазар, да се искористи поволниот политички момент, да продолжат реформите во администрацијата,  да се подобрат стандардите и конкурентноста на компаниите, државата да го помогне растот на индустријата. Тоа се дел од пораките упатени на регионалната конференција „Националната економија во пресрет на ЕУ – предизвици и искуства“, што се одржува денеска во организација на Сојузот на Ротари клубови  во државава.

На конференцијата се дебатира за искуствата на државите во регионот  и предизвиците со кои се соочиле нивните економии во пресрет и по влезот во ЕУ, потенцијалот за раст и ризиците на домашната економија, како и за енергетиката ако стратешки економски сектор .

„Храброста , знаењето и креативноста во постигнувањето на договорите со соседите Бугарија и Грција и на стабилизирање на работите дома имаат смисла и вредност ако еднакво се искористи креативноста знаењето и храброста на деловните луѓе  и граѓаните за тоа да може да донесе полза и перспектива во периодот што претстои пред нас, рече на отворањето на конференцијата премиерот Зоран Заев.

Со стекнување полноправно членство во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ, дополни,  следи период со големи придобивки за граѓаните и за економијата. – Нашите компании имаат можност да ги пласираат своите производи и услуги секаде на европскиот пазар со 500 милиони потрошувачи. Затоа треба да постои свеснот и подготвеност за сите предизвици што не очекуваат и да работиме на подобрување на стандардите и конкурентноста. Владата е тука да го промени тој процес преку низа мерки за поддршка и развој на конкурентноста со Планот за економски раст, рече Заев.

Тој истакна дека се спроведуваат потребните реформи за адаптирање на економијата во ЕУ и оти слаба карика е јавната администрација којашто треба да биде поефикасна и попрофесионална.

Според претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров, проблемот за состојбите во економијата неможе да се адресира само кај еден сектор како јавната администрација. Главна задача во развојот на економија, оцени, треба да биде индустријата, чие сегашно учество од 11,9 проценти во БДП не може да даде повисоки стапки на развој.

„Од 2001 до 2017 година  имаме просечна стапка на развој од 2,7 проценти на БДП по жител, многу понискко и од Албанија каде е 4 проценти и од Бугарија каде е 3,7 проценти. Не сме успеале со реформите. Индустријата е уништена. Учеството на индустријата од 11, 8 проценти во БДП неможе да даде повисоки стапки на развој, оцени Димитров.

Сите држави, дополни, главниот развој го темелат на  државна помош. Владиниот План за економски раст, смета тој, е само знак дека државата има добра намера да работи во вистински насоки затоа што единствен начин  да се подобри ефикасноста на нашите компании е да инвестираме во нови технологии и знаења.

„Не сме способни  сами да генерираме такви технологии и знаења и можеби тука се направи грешка со тоа што  се даде големо учество на иновации, иако Владата вели дека тоа не е само за иновации туку и за технолошки развој каде се добиваа одредени  грантови за кои потоа се виде дека има одредени сомнителни работи, додека за целата друга индустрја  субвенциите од државата се сведоа на 10 проценти, изјави Димитров.

Зоран Тодоров, координатор на Сојузот на ротари клубови на Северна Македонија, потенцираше дека фокус на нивното работење годинава е економијата.

„Се обидуваме мостовите што ги имаат ротари клубовите во Северна Македонија да се искористат за подобрување на позициите на нашите стопанственици и на нашата држава. Доколку работиме сите заедно ги искористиме и искуствата на другите држави при влезот во ЕУ можеме полесно и побргу да дојдеме до позиција во која што ќе има бенефиции за сите граѓани.

економија реформи стандарди
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата падна

октомври 15, 2026

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.