Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » АМЕРИКАНСКА ПОМОШ: Македонија одлучно ќе се бори против лагите и манипулациите
Македонија

АМЕРИКАНСКА ПОМОШ: Македонија одлучно ќе се бори против лагите и манипулациите

мај 12, 2023Updated:мај 12, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Меморандумот за разбирање што неодамна во Вашингтон го потпишаа македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, и специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот, Џејмс Рубин, кој ја дефинира соработката меѓу двете држави во борбата против манипулациите и дезинформациите е многу важен, стратешки документ.

Фокусот е на одбраната на Македонија и САД, како сојузници во НАТО, истакнува поранешниот американски амбасадор во Скопје и помошник–државен секретар, Филип Рикер, во интервју за „Гласот на Америка“.

„Многу сме горди што ја имаме Северна Македонија како 30-та членка на НАТО. Секретарот Блинкен го подвлече тоа на средбата со премиерот Димитар Ковачевски. Еден аспект на одбраната е дека сајбер-безбедноста е заштита од дезинформации. Живееме во ера на технологија што го прави многу тешко секогаш да се дојде до вистината, до фактите. Ова е нешто што НАТО го сфаќа многу сериозно. Сите земји во регионот се соочуваат со некои од истите предизвици. Ние сме многу свесни за дезинформациите што ги објавува Путин и Русија. Тоа го гледаме многу години. Тоа го знаеме овде, во САД. Знаеме за манипулација со социјалните медиуми, со други медиуми, со дезинформации. Мислам дека е одлично што специјалниот пратеник Џејмс Рубин можеше да патува во регионот, вклучително и во Северна Македонија во април. Имаше средби, а со посетата на премиерот овде на Вашингтон, беше одлична можност прв да потпише еден од овие договори, што само ќе им овозможи на нашите две влади да работат заедно за да се справиме со предизвикот на дезинформациите во оваа ера на современи медиуми“, вели Рикер.

Прашан дали е загрижен поради напорите на Русија да шири дезинформации за да ја поткопа демократијата и националната безбедност, особено во Македонија, Рикер посочува дека е видливо влијанието на делот од пристапот на Москва да се обиде да создаде не само дезинформации, туку и немир.

„Тоа е дел од руските проекти за дестабилизација. Дел од тоа да се биде сојузник на НАТО е сите да работиме заедно и да се обидеме да се бориме против тие аспекти. НАТО е одбранбена Алијанса и е фокусирана на заштита на своите земји-членки од овие видови на деструктивни елементи“, вели Рикер.

За тоа како може САД да ѝ помогнат на Македонија да се справи со руското влијание и ширењето дезинформации, тој посочува дека тоа е работа на специјалниот пратеник Рубин, кој раководи со Центарот за глобален ангажман во Стејт департментот, кој функционира под државниот секретар Блинкен.

„Заедно можеме да ги разгледаме напорите кои можат да помогнат во борбата против видот на дезинформации кои им помагаат на медиумите да се уверат дека се фокусирани на вистината. Да ги имаат фактите и да не бидат убедени во спротивното преку социјалните мрежи или други напори од Русија на Владимир Путин или други кои сакаат да нарушат и во регионот“, наведува Рикер.

Тој смета дека Македонија треба да го продолжи патот кон ЕУ и да ги изоди потребните чекори како што беше и во случајот со зачленувањето во НАТО, за што има поддршка од САД.

„Мислам дека е извонредно што Скопје ги започна разговорите со Брисел во однос на пристапните преговори. Очигледно има некои чекори на патот што треба да се изодат, што, пак, иако САД не се дел од Европската унија, се разбира, долго го поддржуваме членството на Северна Македонија во ЕУ. Кога бев во американската влада, тоа секако го правев во Брисел, меѓу членките на Европската Унија. Северна Македонија презеде големи реформи за да продолжи на тој пат, исто како што направија за членството во НАТО. Бев многу горд кога успеавме конечно да ја видиме Северна Македонија и како 30-та членка на НАТО во 2020-та“, изјави Филип Рикер.

актуелно македонија помош рикер САД
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.