Последните натпревари од групната фаза од Лигата на шампиони ги решија сите дилеми, се знае кој во кој шешир ќе биде, како и тоа кој ќе го продолжи натпреварувањето во Лига Европа.
Лестер, до сега единствената непоразена екипа, е демолиран на гостувањето во Португалија.
Порто славеше победа со 5:0.
Навистина, треба да се спомене дека Раниери „пробуваше нешто“, па на теренот не беа Варди, Марез, Морган, Хут, Слимани, Сипсон и Фукс што го искористи домашната екипа.
Легија во групната фаза прими дури 24 гола, но и покрај тоа помина во Лига Европа. Малку кој им даваше чанса, но полската екипа на свој терен со Голот на Гиљермо го совлада Спортинг и дојде на третото место.
Многумина однапред најавуваа дека Реал Мадрид против Дортмунд ќе игра „на сигурно“ за да биде втор и со резервен состав, но Зидан од самиот почеток го изведе моментно најдобрите единаесетмина.
Бензема постигна два гола за Реал Мадрид и му донесе солидна предност на кралскиот клуб.
Но, гостите не се предаваа. Прво, Обамејанг го намали резултатот, а Ројс на две минути пред крајот донесе бод на Дортмунд и ги врати „милионерите“ на првото место во групата Ф.
Загребски Динамо натпреварувањето во Лигата на шампиони го заврши без постигнат гол. Јувентус вечерва пред своите навивачи ги совлада „сините“ со 2:0.
Леверкузен, пак, без проблем го победи монако со 3:0, додека Тотенхем ја совлада ЦСКА со 3:1 и така обезбеди влез во Лига на Европа.
Без освоен бод заврши и Клуб Бриж. Белгиската екипа беше совладана од Копенхаген со 2:0, додека мрежите мируваа во дуелот меѓу Лион и Севиља.










