Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин реше дека Англија се занесе со приказната за пласман во финалето на Светското првенство во Русија, заради што заборави на реалноста и на полуфиналната средба со Хрватска.
Англија во вторникот после продолжетоците загуби од Хрватска со 2:1; во полуфиналето на Мундијалот, па во сабота од 16 часот ќе игра против Белгија во натпревар за трето место.
Како што турнирот се движеше кон крајот во Англија се повеќе се зборуваше за пласман во финалето и за освојување на трофејот и владееше вистинска еуфорија меѓу навивачите.
„Пред натпреварите, знам, се зборуваше за финалето иако треба да се концентрирате за секој меч. Мислам дека премногу се занесовте“, рече Рој Кин додека го анализирал натпреварот со Хрватите, пренесоа британските медиуми.
„Планиравте финале, секаде имаше весеби. Требаше да погледате каква е реалноста. Кога ќе дојдеш во финалето, тогаш можеш да бисеш возбуден, но ова е само полуфинале“, наведе Кин.







