Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » РУДНИЦИ НА СТРАВОТ: Од овој пекол доаѓаат нашите паметни телефони, лаптопи и електрични автомобили
Во Фокусот

РУДНИЦИ НА СТРАВОТ: Од овој пекол доаѓаат нашите паметни телефони, лаптопи и електрични автомобили

февруари 1, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Босоноги деца прекриени со отровни хемикалии цел ден кршат камења во потрага по скапоцениот елемент за само 2 долари дневно, а исцрпени мајки со мали деца на грб просејуваат камен за да најдат кобалт …

 

Веќе со години, големите технолошки компании како „Епл“ и „Тесла“ ги уверуваат купувачите во нивните блескави продавници дека компонентите за нивните производи се етички набавени.

Но, фотографиите од Демократска Република Конго, од каде потекнува 90 отсто од кобалтот што се користи во светот за производство на батерии за технолошки производи, покренуваат многу непријатни прашања.

Кобалтот е хемиски елемент кој го содржи речиси секој технички уред со литиумска батерија – паметните телефони, таблетите и лаптопите содржат неколку грама, додека на батериите на електричните возила им требаат и до 10 килограми кобалт.

„Епл“, „Мајкрософт“, „Гугл“, „Тесла“ и останатите технолошки гиганти тврдат дека инсистираат на високи стандарди за набавка на кобалт и дека тргуваат само со оние топилници и рафинерии кои се придржуваат до етичкиот кодекс.

Сепак, фотографиите направени во некои од најголемите рудници за кобалт во Африка – каде што многу добавувачи ја добиваат својата суровина – раскажуваат поинаква приказна.

Босоноги деца прекриени со хемикалии цел ден кршат камења во потрага по скапоцениот елемент за само 2 долари дневно, а исцрпени мајки со мали деца на грб просејуваат камен за да најдат кобалт.

Многу потресни фотографии направи последниве години Сидарт Кара во регионот Катанга и ги објави во неговата нова книга „Кобалтно црвена: Како крвта од Конго го напојува со струја нашиот свет“.

Книгата со застрашувачки детали прикажува како навистина изгледа потрагата по кобалт во западните земји и разорниот ефект што тој го има врз семејствата во Африка.

Говорејќи за британскиот „Дејли Меил“ пред објавувањето на својата книга, Кара, предавач на Факултетот за менаџмент на Харвард, вели дека неговите истражувања потврдуваат оти не може да им се верува на уверувањата на големите компании.

„По кобалт трагаат некои од најсиромашните луѓе во светот.

Моралниот часовник е вратен наназад сè до колонијалните времиња. Тие, оваа напорна работа ја работат за 2 долари дневно, а таа мизерна плата за нив значи разлика за тоа дали тој ден ќе јадат или не, па немаат опција да одбијат работа“, вели Кара.

Ненадејната побарувачка за „зелени“ еколошки возила, иронично, поттикната од свеста за потребата да се заштити животната средина, има катастрофален ефект врз Конго.

„Купувањето електрично возило треба да биде зелен избор.

Но, тој не е зелен за сè“, вели Кара.

Во комбинација со сегашниот проблем со пренатрупаноста, нерегулираните рудници само ја зголемуваат опасноста од токсичноста на кобалтот.

Долготрајната изложеност на кобалт може да доведе до развој на белодробни заболувања и глувост, вели Кара, кој во Конго со години ја истражува оваа тема, како и бројни случаи на вродени аномалии кај новороденчињата и разни форми на рак.

„Тоа се крвави дијаманти помножени по илјада пати, затоа што дијамантите барем не се отровни“, истакнува Кара.

Покрај тоа, додава, дијамант купуваш еднаш или можеби двапати во животот, додека, пак, луѓето во западниот свет не можат нину 24 часа да функционираат без електронски уреди кои се потпираат на кобалт.

Меѓу неговите фотографии е и таа на која се прикажани две деца кои, прекриени со отровни хемикалии од рудникот, кршат камења во потрага по кобалт.

А, децата, не се постари од седум или осум години.

Големите технолошки компании како „Мајкрософт“, „Тесла“, „Епл“ и „Самсунг“ постојано ветуваа и се обврзаа дека ќе се оддалечат од употребата на кобалт во нивните производи.

Исто така, се потпираат на фактот дека многу од рудниците се во кинеска сопственост и дека затоа, всушност, немаат контрола врз тоа што се случува таму.

Во 2020 година, „Тесла“ потпиша повеќегодишен договор за купување на 6.000 тони кобалт од британскиот рударски гигант „Гленкор“ (Glencore), фирма која управува со рудник во регионот Катанга.

„Гленкор“ во 2019 година, беше тужен од група за заштита на човекови права во име на 19 семејства од Конго чии деца загинаа во рудник со кој управува таа компанија.

Во тужбата дословно се наведени и технолошките компании, но судот го отфрли тој дел со образложение дека е многу тешко да се докаже поврзаноста на смртта на децата со нив.

Кара сега ги повикува американските фирми, чија вредност се проценува на милијарди долари, да направат нешто повеќе.

„Ова не е работа на Кина, туку за големите технолошки компании“, вели Кара.

„Тие се свесни за проблемот, но свесно ја вртат главата и ја обвинуваат Кина.

Кина навистина доминира на тој пазар, но сосема е бесмислено да се каже дека работите не можат да се поправат. Големите технолошки компании ја поттикнуваат побарувачката за кобалт. Сè почнува од нив – тоа е нивна одговорност. Синџирот на снабдување постои само поради побарувачката. Сите тие велат дека ги набавуваат своите суровини етички, сите велат дека нивните синџири на снабдување се етички, но кога ќе појдете во Конго ќе ја видите правата вистина.“

„Тесла“ на Илон Маск, компанијата која во 2020 година го распушти својот Оддел за односи со јавноста, поднесе повеќе извештаи до Комисијата за хартии од вредност на САД, велејќи дека се оддалечува од користење на кобалт.

Во 2020 година, Маск најави голема промена во начинот на изработка на неговите батерии, но тој не откри временска рамка за тоа кога компанијата ќе престане да го користи тој минерал.

Од 23-те топилници што се на списокот на одобрени добавувачи на „Епл“, 20 се кинески.Од 2021 година, околу 13 отсто од кобалтот што се користи во производите на „Епл“ доаѓа од рециклирани извори затоа што компанијата се обидува да ја прекине својата зависност од рударството.

Загриженоста за состојбата со човековите права поврзани со ископувањето на кобалт не е единствената причина поради која компаниите се оддалечуваат од него.

Со толку ограничени резерви на кобалт, тој е еден од најскапите елементи во електричните возила, кој понекогаш сочинува една третина од малопродажната цена.

Планот на Маск не вклучува само оддалечување од кобалтните батерии – тој сака сите батерии да ги произведува во сопствените погони.

Светот трае потрагата по нови извори на кобалт.

Резервите на кобалт во Конго ги надминуваат резервите на остатокот од светот.

Од 2019 година, Конго имаше 3,6 милиони тони кобалт во својата земја, три пати повеќе од следното најголемо наоѓалиште, Австралија. Куба, Филипините, Русија, Канада, Кина и Мадагаскар, а и Северна Америка, имаат релативно мали количини од овој минерал.

 

 

 

 

 

 

(Фото: Профимедиа)

актуелно Епл кобалт конго Мајкрософт рудник Тесла
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.