Англискиот премиерлигаш Евертон не се откажа од намерите да го врати своето дете, напаѓачот на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, јави Скај Спорт.
Евертон сака да го искористи тоа што Руни има намера ова лето да го напушти Олд Трафорд и фактот дека имаше лимитирана минутажа минатата сезона, посебно тоа што најдобриот стрелец на Евертон, Ромелу Лукаку, изјави дека веќе има направено договор со друг клуб, се верува дека со Челси.
„Мојот менаџер знае што ќе биде. Мирен сум, имам договор со друг клуб и дестинација каде што со задоволство би заминал. На одмор сум и само за тоа мислам моментно, рече Лукаку за Сјак Спорт.
Во Евертон никој не е изненаден за тоа што Лукаку заминува во посилна и побогата средина, па така и очекуваат голема финансиска инјекција, а Руни е еден од проиритетите.
Руни претходно изјави дека во Премиер лигата би играл само за два клуба, Евертон и Манчестер јунајтед, каде што дојде токму од Гудисон парк како осумнаесетгодишно момче пред 13 години.
Покрај капитенот на Јунајтед, Евертон ја разгледува опцијата да го доведе и напаѓачот на Арсенал, Оливие Жиру.







