Советот на Федерацијата на Русија одобри закон за забрана за продажба на електронски уреди без руски софтвер.
Законот ги обврзува компаниите од 1 јули на некои видови на техника, конкретно на паметните телефони, компјутерите и телевизорите, да преинсталираат руски софтвер.
Автори на иницијативата се пратениците Сергеј Жигарев, Владимир Гутењов, Олег Николаев и Александар Јушченко.
Целиот список на производи, софтверот и процедурата за него инсталирање дополнително ќе го одреди владата.
Оваа мерка е донесена за да се заштитат интересите на рускиот бизнис и да се намали злоупотребата на големите странски компании кои работат во областа на информатичката технологија.
Претходно беше соопштено дека организацијата-продавач е одговорна за преинсталирање на рускиот софтвер.
Освен тоа, авторите на законот, Жигарев, Гутењов, Николаев и Јушченко, направија нацрт закон за казна за кршење на забраната: се предлага парична казна за правните лица во износ од 50 до 200.000 рубљи, а за службените лица – од 30 до 50.000 рубљи.
Минатата недела Државната дума на Русија усвои закон за забрана за продажба на електронска опрема без софтвер кој е пропишан од руската влада.