Германскиот министер за внатрешни работи на Германија, Томас де Мезиер, изјави дека неговата земја очекува дека Русија ќе се обиде да влијае на германските парламентарни избори на 24 септември.
Де Мезиер изразува сомнение дека украдените податоци во хакерскиот напад во 2015 година на Долниот дом на Парламентот на Германија би можеле да се најдат во јавност следните недели.
Директорот на германската разузнавачка агенција на Федералната канцеларија за заштита на Уставот, Ханс Георг Масен на зедничката прес конференција за медиумите со Де Мезиер рече дека засега нема индиции дека Русија би можела да поддржи која било конкретна германска партија.
Масен, исто така, наведе дека неговата агенција нема конкретни докази дека сајбер нападот почнат во Украина минатата недела, кој потоа се прошири ширум светот, е изведен од Русија.
Украина ги обвини руските безбедносни служби за нападот, наведувајќи дека тие имале за цел да уништат важни податоци и да шират паника.