Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Русија и САД почнаа разговори за Украина
СВЕТ

Русија и САД почнаа разговори за Украина

јануари 10, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Соединетите Американски Држави и Русија денеска започнаа тешки разговори за кои Вашингтон се надева дека ќе резултираат со деескалација на ситуацијата на украинско-руската граница без исполнување на барањата на Москва.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, викендов изјави дека е сосема можно преговорите да завршат по една средба, а очекувањата ги намали американскиот државен секретар, Антони Блинкен.

„Мислам дека во следната недела нема да видиме некој посебен напредок“, изјави Блинкен вчера за Си-Ен-Ен.

Разговорите започнаа денеска во седиштето на дипломатската мисија на САД во Женева.

Односите меѓу Москва и Вашингтон се на најниско ниво од крајот на Студената војна пред три децении. Преговорите потоа се префрлаат во Брисел и Виена.

Заменичката на Блинкен, Венди Шерман, на Твитер напиша дека „САД ќе ја слушаат загриженоста на Русија и ќе ја споделат својата“.

„Нема да има разговори за европската безбедност без присуство на другите сојузници“, додаде таа.

Русија распоредува војска на границата со Украина

Над 100.000 војници донесе Русија на границата со Украина. Киев и Вашингтон тврдат дека се подготвуваат за инвазија, осум години откако го анектираше полуостровот Крим, пренесува Ројтерс.

Русија ги отфрла овие тврдења и истакнува дека само одговара на агресивното и провокативно однесување на НАТО и Украина.

Минатиот месец Москва ги претстави своите барања до Западот, кои вклучуваат вето за натамошното проширување на НАТО на исток и прекин на неговите активности во земјите од Централна и Источна Европа кои му се приклучија по 1997 година.

Отфрлени голем дел од руските предлози

Соединетите Американски Држави и НАТО веднаш отфрлија голем дел од предлозите на Русија, предизвикувајќи загриженост за можноста за договор.

„Нема да правиме отстапки под притисок“, најави Рјабков, предводникот на руската делегација во швајцарскиот град.

Американскиот претседател Џо Бајден повеќе пати го предупреди својот руски колега Владимир Путин дека САД и европските сојузници ќе воведат санкции без преседан доколку Русија одлучи да ја нападне Украина.

актуелно Вашингтон Киев Москва НАТО русија САД Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.