Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ на почетокот на јули ќе спроведе клинички испитувања за вакцината „Спутник Ве“ за млади, од 12 до 17 години, изјави заминичката на градоначалникот на Москва за прашања поврзани со социјален развој, Анастасија Ракова.
Моментно се врши селекција на доброволци за учество во првите две, од трите фази на истражувањето, како што беше случајот во испитувањата за лица постари од 18 години.
„Првата и втората фаза од истражувањето ќе се одвиваат во двете водечки детски болници, Морозовската детска болница и во Детската болница „Башљаева“, додека третата фаза ќе се организира во градските детски поликлиники“, рече Ракова во изјавата за телевизијата „Москва 24“.
заменичката на градоначалникот, патем, истакна дека врз основа на добиените резултати ќе се одлучува за вклучување на младите во програмата за вакцинација против ковид-19.
Во испитувањето ќе учествуваат 350 тинејџери, од кои 100 во првата и втората фаза, и 250 во третата.
Доброволците можат да бидат млади луѓе, кои не прележале корона и кои немаат контраиндикации на препарати или какви било други медицински контраиндикации.
Првата руска вакцина против ковид „Спутник Ве“, направена е на платформа на аденовирусен вектор на човек и подразбира примање на компоненти на вакцината во растојание од три недели.
Во првиот случај се користи еден аденовирус АД5, а во вториот аденовирус АД26. Препаратите на база на аденовирус на човек масовно се применуваат веќе 50 години.
Вакцината „Спутник Ве“ која ја произведува Научно-истражувачкиот институт „Гамалеја“ во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции на 11 август доби потврда за регистрација од Министерството за здравство на Русија, станувајќи така прва регистрирана вакцина против корона вирусот на светот.
Ефикасноста на вакцината изнесува 97,6 отсто на основа на анализите на податоците за 3,8 милиони вакцинирани руски државјани , што е повеќе од податокот што го објави медицинското списание „Лансет“ (91,6 отсто).







