Русија се надева дека ќе и биде дозволено да се приклучи во работата на контакт-групата за Венецуела и покрај тоа што до официјална Москва била упатена порака дека форма на набљудувач не е предвидена.
„Самиот формат на тој случај пливаше и се менуваше до последен момент. Ние, искрено речено, се надеваме дека Русија ќе добие можност да се приклучи во работата која е моментно во Монтевидео во тек. Дури и како држава-набљудувач. Ни рекоа дека таков формат не е предвиден за никого, но сепак се надеваме на изнаоѓање на позитивно решение“, изјави Рјабков.
Според неговите зборови, во Монтевидео „ќе бидат одржани контакти и разговори меѓу учесниците на групата Лима и претставници на Европската унија“.
Рјабков истакна дека Русија се наоѓа во тесна врска со ЕУ и властите во Каракас поради кризата во Венецуела.
Во Венецуела на 21 јануари почнаа масовни протести против претседателот Николас Мадуро. Два дена потоа, на 23 јануари, претседателот на Парламентот Хуан Гваидо беше прогласен за времен шеф на државата.
Соединетите Американски Држави и низ други земји го признаа Гваидо и побараа од Мадуро, кого не го сметаат за легитимен претседател, да не дозволи насилни акции против опозицијата. Мадуро во своето обраќање го нарече Гваидо „марионета на САД“.
Русија и Кина го поддржуваат Мадуро и го сметаат за актуелен шеф на Венецуела.







