Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Рускиот гас ја „подели“ Европа
Европа

Рускиот гас ја „подели“ Европа

јануари 25, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европа и Америка почнаа да бараат дополнителни извори за снабдување на европските земји со гас, поради загриженоста дека Москва би можела да користи гас како оружје. Како што пренесуваат западни медиуми, ЕУ е загрижена дека Русија своите природни ресурси ќе ги користи како оружје, со ограничување на испораката на гас, доколку Западот ја спроведе заканата со санкции кон Москва, во случај на руска инвазија на Украина. Сепак, поради зависноста на најголемата членка на ЕУ, Германија, од рускиот гас, Унијата има стеснети опции за санкции, особено поради тоа што ЕУ е поделена околу ова прашање.

Европската комесарка за енергетика, Кадри Симсон, изјави дека ЕУ разговара со партнерите за можноста за повисоки испораки на гас за Унијата, во време кога, според Ројтерс, пониските испораки на гас, за што е обвинета Русија, предизвикале скок на цените на енергенсите. Во Азербејџан и во Америка ќе разговара за тоа како да се зголемат испораките на гас во Европа, а Американците веќе почнаа преговори со Катар и други големи извозници на гас за да планираат вонредни мерки во случај, со наводната руска инвазија на Украина, да се наруши снабдувањето на Европа, пишува „Фајненшл тајмс“.

Шефот на Меѓународната агенција за енергетика, Фатих Бирол, минатата недела изјави дека Русија ги намалила испораките на гас за Европа во време на „зголемени геополитички тензии“. Експертите, меѓутоа, укажуваат дека во односот кон Русија постои разлика меѓу истокот и западот на Европа, наведува „Вашингтон пост“, а таа поделба поминува низ срцето на новата германска влада чии коалициски партнери не можат јавно да се договорат за унифициран став за украинската криза, затоа што социјалдемократите на Шолц имаат долга историја на топли односи со Русија, додека министерката за надворешни работи Аналена Бербок од „Зелените“ зазема поцврст став.

Зависноста на Европа од рускиот гас е само еден од факторите што го спречуваат посилниот пристап на Европската унија кон Русија, посочува „Вашингтон пост“, кој оценува дека длабоките поделби меѓу европските земји спречуваат „обединет“ одговор на Западот. Но, не постои едногласност за тоа кој е најдобриот начин да се одврати Русија од инвазија или какви мерки да се преземат во случај на напад на Украина. Трите најголеми европски сили, Германија, Франција и Велика Британија, имаат значително различни пристапи додека се соочуваат со внатрешно-политички прашања, укажува „Вашингтон пост“, додавајќи дека другите земји се на различни страни заради нивната географска близина со Русија, зависноста од Русија во поглед на снабдувањето со енергија и од историски причини.

 

 

 

 

 

(Фото: АП)

актуелно Америка гас Европа запад Москва русија Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.