Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Руски олигарси умираат еден по друг
Во Фокусот

Руски олигарси умираат еден по друг

мај 10, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во серијата мистериозни пожари и експлозии по Русија, уште една низа официјално неповрзани несреќни настани се подолга – онаа на мистериозните (само)убиства на руските олигарси.

Западните медиуми се повеќе пишуваат за овие сè посомнителни случувања. Така, Си-Ен-Ен минатата недела напиша за пет истакнати руски бизнисмени кои, наводно, извршиле самоубиство од јануари, додека Русија собираше воени сили долж границата со Украина, до денес, повеќе од два месеци од почетокот на инвазијата. Четири од петте беа поврзани или со државниот гасен гигант „Гаспром“ или со неговите подружници или со некој од кооперантите.

Исто така, од тие пет, дури тројца непосредно пред нивната смрт – повторно, наводно – ги убиле своите семејства, што ја прави целата работа многу пострашна. Двајца се пронајдени мртви заедно со нивните семејства со разлика од само два дена.

Британскиот таблоид „Дејли Мејл“ информираше за шест смртни случаи во последните три месеци. Американскиот таблоид „Њујорк Пост“, кој исто така пишуваше за тоа, цитира извори според кои „отпечатоците на Путин“ се на овие смртни случаи

30 јануари: Леонид Шулман, Ленински во близина на Санкт Петербург

Првиот руски олигарх кој почина оваа година беше Леонид Шулман. Беше пронајден на 30 јануари во неговата колиба во населбата Ленински во близина на Санкт Петербург. Шулман беше директор за транспорт на „Гаспром Инвест“, финансиското крило на „Газпром“.

Новинската агенција РИА Новости објави дека полицијата пронашла проштална порака до телото и дека случајот се истражува како самоубиство. Но, според Дејли Мејл, овој Русин бил пронајден во бањата со повеќе убодни рани и нож кој, наводно, бил подалеку од телото.

25 февруари: Александар Тјулаков, Ленински во близина на Санкт Петербург

Помалку од еден месец подоцна и ден по почетокот на инвазијата на Украина, на 25 февруари, заменик директорот на „Гаспром“, Александар Тјулаков (61), беше пронајден обесен во истиот оградена населба за богатите, во гаражата на луксузниот дом. Руските медиуми известија за овој случај како самоубиство, но „Дејли Мејл“ пренесува детали кои фрлаат сомнеж на таа официјална верзија. Според некои информации, Тјулаков имал видливи повреди од претепување пред, официјално, да се обеси.

28 февруари: Михаил Ватфорд, Сари, Велика Британија

Три дена подоцна и на петтиот ден од руската инвазија, на 28 февруари, рускиот милијардер Михаил Ватфорд беше пронајден мртов на другата страна на Европа во неговиот раскошен дом вреден 18 милиони фунти, во британскиот град Сари. Вотфорд (66) е роден како Михаил Толстошеј, во Украина, во етничко руско семејство. И тој заработи богатство во рускиот бизнис со гас и нафта, познат по корупцијата и блискоста со Кремљ. Го промени презимето кога се пресели во Велика Британија во 2015 година, каде што купи неколку милионски вредни имоти.

Полицијата во Сари изјави за Си-Ен-Ен минатата недела дека судскиот вештак спроведува истрага и дека рочиштето за презентирање на резултатите од обдукцијата е закажано за 29 јули. Тие изјавија и дека смртта моментално е „необјаснета“, но дека нема докази за сомнителна смрт.

Но, Вотфорд, како што пишува „Дејли Мејл“, пред смртта им рекол на пријателите и соседите дека веќе две години бил на „списокот на Путин за отстрел“, а во последните месеци, наводно, многу се плашел за својот живот.

Сосед на Ватфорд за британски „Сан“ изјавил дека олигархот бил пријател на друг руски олигарх и дисидент, Борис Березовски, и дека Миша, како што од милост го нарекувале, бил убеден дека Березовски бил убиен од руската тајна служба.

Березовски во 90-тите му помогнал на Владимир Путин да дојде на власт, но по неколку години стана негов жесток критичар и беше принуден да побегне во Велика Британија. Откако преживеа неколку претходни обиди за атентат, беше пронајден обесен во бањата на неговата луксузна куќа во Аскот во 2013 година. И тогаш одредени детали од обдукцијата предизвикаа сомнеж дека овој критичар на Путин сам не се обесил, туку дека некој го задавил. На крајот на 2014 година, судскиот вештак заклучил дека е невозможно со сигурност да се утврди дали се работи за убиство или самоубиство.

24 март: Василиј Мелников, Нижни Новгород

Милијардерот Василиј Мелников, директор на компанијата за медицинска опрема „МедСтом“, беше пронајден мртов заедно со неговата 41-годишна сопруга, Галина, и нивните два малолетни сина (постариот имал 10, а помалиот 4 години), во нивниот милионски дом во Нижни Новгород.

Галина и децата имале убодни рани, на Мелников, пак, му била пресечена артеријата, а на местото на злосторството биле пронајдени ножеви, објави рускиот весник „Комерсант“. „МедСтом“, наводно, претрпел големи финансиски загуби поради западните санкции кон Русија. Руската полиција, според извори запознаени со истрагата, не пронашла траги од кражба или борба.

18 април: Владислав Аваев, Москва

Потоа Владислав Аваев, поранешен потпретседател на „Гаспромбанк“ и поранешен функционер во кабинетот на претседателот и во руската Дума, беше пронајден мртов со пиштол во раката и со прострелна рана, во неговиот стан во Москва на 18 април. Со него мртви се пронајдени и сопругата Елена и 13-годишната ќерка Марија. И тие имале прострелни рани.

Руските истражители во своето соопштение наведоа дека претпоставуваат оти Аваев со пиштол ги убил сопругата и ќерката, а потоа и себе си, објави тогаш руската новинска агенција ТАС.

Полицијата објави и многу кратко видео од станот на овој олигарх по неговата смрт, кое повеќе крие отколку што открива.

Токму „Газпромбанк“, преку која „Газпром“ прима уплати од увозници на руски гас, има клучна улога во планот на Русија, односно барањето западните земји да го плаќаат гасот што „Гаспром“ им го извезува во рубли. Во станот, наводно, биле пронајдени 17 оружја, а една соседка рекла дека слушнала врисоци, три истрели и вресок на жена, пренесува „Дејли мејл“.

Но, неговиот поранешен колега, другиот потпретседател на „Гаспромбанк“, Игор Волобујев, изјавил за украинскиот портал „Лига.нет“ дека во самоубиството е „тешко да се поверува“ и дека смета оти сето тоа е „исценирано затоа што можеби знаел премногу“.

„Неговата работа беше да се занимава со приватно банкарство, значи да се занимава со ВИП клиенти. Тој беше задолжен за многу големи суми на пари. Па, дали се самоуби? Мислам дека не. Мислам дека знаеше нешто и тој претставуваше некаков ризик“, изјави тој за Си-Ен-Ен.

Волобујев, да потсетиме, после почетокот на руската агресија, побегна во Украина, и таму дури и се приклучи на вооружените сили, односно на територијалната одбрана.

„Не можев отстрана да гледам што и прави Русија на мојата татковина“, ја објасни својата храбра постапка овој бизнисмен кој е роден во градот Охтирка во североисточна Украина.

19 април: Сергеј Протосења, Лорет де Мар, Шпанија

Ден по смртта на Аваев и на повеќе од 3.000 километри оддалеченост, каталонската полиција го пронајде Сергеј Протосења обесен во изнајмена луксузна вила во Лорет де Мар, недалеку од Барселона. До неговото тело имало крвав нож и секира. Во близина биле пронајдени и неговата сопруга и ќерка, наводно масакрирани со секира.

Протошења (55) е поранешен потпретседател и главен финансиер на „Новатек“, голема компанија за гас која е делумно во сопственост на „Гаспром“. Но, неговиот син Федор (22) изрази скептицизам во верзијата за семејно убиство и самоубиство.

„Тој ја сакаше мајка ми, а особено сестра ми, Марија. Таа беше неговата принцеза. Никогаш не би можел да направи ништо што би им наштетило. Не знам што се случило таа вечер, но знам дека татко ми не ги повредил“, изјавил Федор Протошења за „Дејли Мејл“.

Во меѓувреме, каталонската полиција за Си-Ен-Ен изјави дека нивната работна хипотеза е дека ова било случај на семејно насилство, и покрај изјавите на нивниот син.

„Каталонската полиција зеде изјави од синот. Други претпоставки нема. Исклучено е и тројно убиство. Дали е ова дело на руската мафија? Па, не“, изјавил полицаец за Си-Ен-Ен.

„Новатек“, пак, во соопштение го опиша својот поранешен потпретседател како „прекрасен човек“ и изрази уверување дека шпекулациите за неговата смрт „не се поврзани со реалноста“.

Дали навистина се работи за самоубиства или е на дело веќе добро утврден шаблон на ликвидации на руски дисиденти, одметници или моќници кои се замериле со Путин? Треба да се нагласи дека овие бизнисмени, во време кога западните санкции би можеле да го потопат нивното богатство, па дури и да им ги запленат нивните луксузни имоти, можеле да имаат самоубиствени мотиви. Но, некои аналитичари сметаат дека, сепак, се работи за ликвидација.

Во неодамнешниот извештај на Варшавскиот институт се вели дека безбедносните агенти на „Газпром“ се појавиле на местото на смртта на сите функционери на таа компанија, што може да значи дека „можеби некои високорангирани луѓе поврзани со Кремљ сега прикриваат траги на измама во државните компании“.

актуелно Владимир Путин Гаспром Кремљ Москва нафта русија Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.