Изјавата на премиерот на Албанија Еди Рама во врска со законот за употреба на јазиците донесен во македонскиот парламент е потврда на намерата да ја турка „тиранската платформа“ со која се поткопуваат темелите на македонската државност, се наведува во коментарот на одделот за информација и печат на министерството за надворешни работи на Русија.
Официјална Москва посочува на изјавата на Рама дадена на 14 јануари дека Социјалистичката партија на Албанија, на чие што чело е тој, имала врска со формирањето на „Ослободителната армија на Косово“ и со „битката за Косово“ во соседната Србија, и дека дала решавачки придонес за донесувањето на Законот за употреба на јазиците во Собранието на Македонија, со којшто албанскиот јазик де-факто добива статус на втор службен јазик.
Според Москва, сето тоа е дел од големоалбанските амбиции кои се повеќе се шират и го доведуваат во прашање територијалниот интегритет на низа држави во регионот.







