Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен напад во хотел во сомалиската престолнина Могадиш.
Милитантната група Ал Шабаб ја превзеде одговорноста за нападот во кој бомбаш самоубиец се зари со автомобил во зградата на хотелот „Пош“.
После ударот на автомобилот и експлозијата следела престрелка.
Очевидци велат дека делот од градот околу хотелот е блокиран и дека таму, еден час по нападот, сеуште се слушаат истрели.
„Можеме да потврдиме дека загинаа девет лица. Жртвите повеќето се жени кои биле вработени во хотелот“, изјави шефот на локалната полиција Мохамад Хусеин.