Социјалдемократот Олаф Шолц (63) положи денеска заклетва на местото на нов германски канцелар, заменувајќи ја така Ангела Меркел после 16 години.
Него претходно го избра германскиот парламент, каде што мнозинската коалиција сочинета од три партии му упати овации после заклетвата.
Бундестагот му даде доверба, така што 395 пратеници беа „за“, а 303 „против“.
Нему формалната власт му ја даде и претседателот Франк-Валтер Штајнмаер.
Шолц официјално стапи на должност во 15.00 часот.
Новиот германски канцелар во заклетвата не го спомена Господ, со што стана вториот канцелар после Герхард Шредер кој тоа го сторил.
Шолц е крстен и и припаѓал на евангелистичката црква, но подоцна ја напуштил. Моментно себе си се опишува како нерелигиозна личност.
Тој однапред ја информираше јавноста дека вои текот на заклетвата нема да ја користи фразата „Да ми помогне Господ“.
Оваа фраза стои во текстот на заклетвата по германскиот закон, но споменувањето на Господ е оставено како избор на политичарот кој дава заклетва.
Меркел, ќерка на теолог и физичар, редовно ја користеше оваа фраза. Единствен канцелар кој тоа го изоставил во текстот од заклетвата е социјалдемократот Герхард Шредер. Тој себе си се смета за верник, а своето одбивање да го спомене Господ го објаснил со фактот дека верата е „лична работа“.
И покрај тоа што е нерелигиозен, Шолц редовно го истакнува почитувањето на христијанските вредности, што е, вели, влијаело на неговото формирање. Посебно, во духот на социјалдемократските идеи, тој ја истакнува вредноста на христијанската солидарност.
(Фото: АП)