Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Кривопаланчани го откажаа протестот: Владата донесе одлука да помогне

ноември 26, 2026

IDIOTS UNLIMITED или Kако паѓаат автократии

ноември 26, 2026

Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји

ноември 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Кривопаланчани го откажаа протестот: Владата донесе одлука да помогне
  • IDIOTS UNLIMITED или Kако паѓаат автократии
  • Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји
  • Левица бара забрана на рекламирањето на брзите кредити
  • Филипче до Мицкоски: Да не излезе одговорот за Алта банка во Sky преписките?
  • Плаќање со картичка или во готовина: Европејците сакаат избор
  • Трамп најави нови царини за 13 земји и ЕУ
  • Пет продолжени викенди во 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Свети Николе наскоро ќе добие приватна ветерна електрана
Економија

Свети Николе наскоро ќе добие приватна ветерна електрана

јануари 29, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Општина Свети Николе очекува наскоро да се изгради ветерниот парк, кој ќе произведува зелена енергија, јави МИА. Градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски вели дека скопска фирма веќе ја има добиено концесијата, а ветерниците ќе бидат изградени во близина на  селото Богословец.

Кога се патува по регионалниот пат Велес-Штип кај местото викано Овче Поле од десната страна ќе се гледаат ветерниците. Инаку ова ќе биде и првата приватна ветерна електрана во земјава, откако ЕЛЕМ  ја изгради ветерната електрана кај Богданци. 

„Владата на Република Македонија одобри концесија на фирмата „Тор Импекс“ од Скопје за изградба на 10 ветерници во овој крај. Значи на потегот кај Богословец со капацитет од 36 мегавати. Тоа значи дека една ветерница ќе произведува 3,6 мегавати електрична енергија, што е доволно за голем број на жители на оваа подрачје во Македонија, рече Велковски. 

Паралелно ќе се гради и нова трафостаница со приклучен далновод. Велковски  истакна дека екипите на фирмата „Тор Импекс“, која ја доби концесијата за изградба на ветерниот парк ги има извршено мерењата.  Забележува дека досега во Овчеполскиот регион не се искористени ветерот и сонцето, како зелена енергија, а за што токму овој регион има најповолни услови за инвестирање во производство на зелена енергија. Во моментов имаат и заинтересиран инвеститор за изградба на фотоволтаична централа. 

– Јас сум убеден дека Свети Николе конечно ќе добие шанса за производство на зелена енергија, во таков капацитет што ќе ги задоволи потребите на граѓаните ан Република Македонија, бидејќи досега природните ресурси во Свети Николе не беа доволно искористени, зборам за сончевите часови и за ползата од ветерот. Врз основа на пресметките кои што ги има направено фирмата, која ја има добиено концесијата, тоа е 6,1 метар во секунда има просечно дување на ветерот во оваа област, вели Велковски. 

Во Стратегијата за обновливи извори на енергија на Министерството за економија како поволни локации за изградба на ветерници се посочуваат и кај светниколското село Ерџелија и кај штипското село Шашаварлија. 

Првата приватна ветерна електрана во земјава ќе се гради во атарот на селото Богословец, кое е веќе иселено, а сопствениците на старите куќи или на новите викенд куќи се враќаат само за време на викендите. 

богданци богословец ветерници ЕЛЕМ ерелија македонија миа свети николе
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари

ноември 23, 2026

Паѓа цената на нафтата

ноември 18, 2026

Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

ноември 16, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.