Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Светска банка: Македонија има потенцијал за забрзан економски раст, да ја искористи шансата за ЕУ и НАТО
Економија

Светска банка: Македонија има потенцијал за забрзан економски раст, да ја искористи шансата за ЕУ и НАТО

ноември 29, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Македонија има потенцијал  да стане земја со високи приходи, за што е потребен одржлив економски раст, како и да го искористи историскиот момент за решавање на спорот со името и забрзување на евроатланската интеграција.

Ова беше посочено на денешната презентација на анализата на Светска банка „Постигнување посветла иднина за сите“ во која се разгледува напредокот на Република Македонија во текот на 27 години по остамостојувањето.

Според Светска банка, Македонија има голем потенцијал за забрзување на економскиот раст, за намалување на сиромаштијата и за подобрување на животниот стандард на своите граѓани, особено за луѓето во најдолниот дел на распределбата на приходите, но за тоа треба да ги искористи своите конкурентски предности, вклучувајќи ја и стратепката локација и отвореноста за трговија и инвестиции, истовремено надминувајќи низа горливи предизвици и внимателно управување со ризиците.

„Оваа година е клучен момент во историјата на земјата како независна државата. Со постигнување на договорот со Грција, државата направи одлучен чекор во долготрајниот спор околу нејзиното уставно  име. Разрешувањето на спорот за името кој предизвикуваше политичка и економска штета уште од 1991 година се очекува да го забрза процесот на пристапување на земјата во ЕУ и НАТО, да овозможи подлабоко да се интегрира со регионалните и со светскиот пазар, се истакнува во анализата што денеска беше презентирана во Скопје од регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер, претставникот на Светска банка во Македонија Марко Мантованели и Марко Хернандез, коавтор на извештајот.

Мантованели потенцира дека Македонија се наоѓа во историски период и треба да надмине некои од политиките со кои беше опфатена неодамна и треба да ја искористи ваквата можност.

„Политичкото опкуржување креира пречки во поглед на развивање визија за економски раст, но и да се продолжи на онаа патека на економски развој што и го очекуваме. За тоа нема едноставен рецепт или лек,  сметам дека државата  во овој стадиум поминува низ една многу важна дебата. Знаеме каква е ситуацијата во поглед на прашањето за името и секако дека ова има и економски импликации и не зборуваме за политички аспект, туку имаме и економски импликации при што се забавува економскиот развој на државата. Тоа е дебата што се надеваме дека ќе доведе до решение кое позитивно влијае на економијата. Овие две нешта одат рака под рака, не може целосно да се издвојат, но сепак нашата перцепција е дека Мкаеоднија се наоѓа во еден историски период и треба да ги надмине некои од политиките со кои беше опфатена неодамна и секако треба да ја искористите ваквата можнст, рече Мантованели.

Во анализата се идентивикувани три патеки кои меѓусебно се надополнуваат за земјата да ги искористи новите можности за надминување на предизвиците. Првата е да поттикне подинамичен и  поконкурентен приватен сектор, втората е вложување во луѓето за да се изгради конкурентна и приспособлива работна сила и третата се однесува на остварување економска социјална одржливост, како и одржливост на животната средина преку делотворно управување, фискална прудентност, како и подобрено управување со животната средина во насока на зголемена отпорност на природни несреќи и климатски промени.

„Зголемувањето на продуктивнсота на економијата, подоборување на можнсотите за вработување за сите и постигнување фискална, социјална одржливост и одржливост на животната средина ќе и овозможи на земјата да ги искроисти придобивките од интеграцијата во ЕУ и да го намали јазот со Европа со повеќе и подобро платени работни места за нејзините жители, порача Ван Гелдер.

 

Според Светска банка, она што треба да преземе Македонија е групирано во 10 прироритетни области. Тоа се осигурување на владеење на правото и градење способни јавни институции што се отчетни пред граѓаните, вградување релевантни висококвалитетни вештини во текот на животниот циклус на граѓаните на земјата, зајканување на способностите на фирмите и на екосистемот за усвојување технологии, на пристапот на фирмите до финансии, подобрување на трговската поврзаност и итнеграцијата во синџирот на вредност, промовирање на пазарната конкуренција и воспоставување бизнис клима од светска класа.

Намалување на демотивацијата и отстранување на пречките за учество на пазарот на трудот, особено за жените, осигурување фискална одржливост преку намалување на фискалните реизици, правејќи ги расходите поефикасни и преку мобилизирање повеќе приходи, инвестирање во интегрирани политики за намалување  на загадувањето на воздухот, градење отпорност на природни катастрофи и на климатските промени и промовирање раст со ниски јаглеродни емисии, заштита на човечкиот капитал преку штитење на сиромашните и на ранливите домаќинства од шокови и инвестирање во превентивна и примарна здравствена заштита и поттикнување на модернизацијата на земјоделството.

СБ порачува дека Македонија може да го искористи процесот за пристапување во ЕУ за да ги унапреди и одржи повеќето од овие приоритети.

„Упсехот на земјата при спроведување на сите приоритетни области зависи од тоа колку смело ќе делува и ќе одржува стабилен курс на реформите. Заедничка политичка визија и свесност на јавноста ќе обезбедат дневнополитичките случувања да не го разводнат реформскиот момент, рече Хернанде.

Спорд него, треба да се преземат активности што ќе влијаат на политики за потенцијалите да се претворат во резултати.

Македонија е рангирана како земја со средни до високи приходи, но, како што беше посочено, има потенцијал да биде и со високи приходи за што треба да се спроведат одредени реформи..

Мантованели потенцира дека Македонија од 2000 година има просечна стапка на раст од 2,8 проценти и со таков раст за 70 години би посотигнала нивото на ЕУ, доколку се зголеми на 5 отсто тогаш целта ќе се оствари за 30 години.

Во однос на најавеното прогресивно оданочување, Мантованели посочи дека Македонија е една од земјите со најмали приходи и оти има простор за прогресивно оданочување, но при тоа да се има предвид да не се поткопа ефикасноста.

„Има пречки во однос на капацитетите за приходи за имплементирање на политиките. Ние сметаме дека има простор за подобрување на ефикасноста, кога станува збор за оданочувањето, но, исто така, кога го гледаме прогресивното оданочуваме забележуваме дека има една маргина и дека може да се биде попрогресивен без при да се поткопува ефикасноста, рече Мантованели.

Препораките од Светска банка, како што беше посочено на презентацијата, властите не мора да ги земат предвид, но очекуваат да ги разгледаат, да ги усвојат и да имплементираат дел од наодите.

актуелно Грција ЕУ македонија НАТО Светска банка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.