Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Светска премиера на „Врба“ на Филмскиот фестивал во Рим
Култура

Светска премиера на „Врба“ на Филмскиот фестивал во Рим

октомври 19, 2019Updated:октомври 19, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Шестиот игран филм на режисерот Милчо Манчевски – „Врба“ денеска ќе има светска премиера на третата вечер од 14. Филмски фестивал во Рим, со што ќе биде првиот македонски филм што ќе учествува во неговата официјална селекција, избран од уметничкиот директор Антонио Монда.

Филмот денеска ќе има утринска проекција за новинарите, по што ќе следува прес-конференција со режисерот Манчевски и актерките Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски, а вечерта е галапремиерата на која ќе присуствува и министерот за култура Хусни Исмаили.

„Врба“ е македонско-унгарско-белгиска копродукција во која учествува и Албанија. Се снимаше лани два месеца (октомври и ноември) во Мариово, Преспа, Трескавец и во Скопје.

„Врба“ е филм за лојалност, љубов, доверба и мајчинство, кој спојува приказни за три млади мајки – едната се случува во 17 век, а другите две се современи. Приказните се надополнуваат, а во исто време се и контраст една на друга.

Љубовни приказни во кои главната тема е лојалност, меѓутоа и односот на општеството кон поединецот и на поединецот кон општеството. Имаме среќен крај овојпат, рече режисерот Манчевски пред две недели на прес-конференција по повод светската премиера.

Во селекција на Римскиот фестивал годинава се влезени филмови од 25 земји. Беше отворен завчера со најновиот филм на актерот и режисер Едвард Нортон со неговиот „Бруклин без мајка“, во кој играат Брус Вилис, Алек Болдвин и Вилем Дефо.

Продукцијата на „Врба“ – „Банана-филм“ соопшти дека Римскиот фестивал има „челична програма“ оваа година – ќе биде прикажан новиот филм на Мартин Скорсезе, „Ирецот“, во кој играат Ал Пачино, Роберт Де Ниро, Џо Пеши и Харви Кајтел, филмот „Џуди“ со Рене Зелвегер во режија на Руперт Голд, „Даутаун Еби“ со Џим Картер и Елизабет Мекговерн, филмот за Павароти во режија на Рон Хауард, „Хаслерс“ со Џенифер Лопез…

– На 1 300 метри квадратни поставен е најголемиот и најдолг црвен килим во светот, кој води од главната авенија до фестивалските збиднувања во аудиториумот „Парко дела Музика“ дизајниран од Ренцо Пијано, а на него ќе поминат и актерките Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски…На црвениот килим ќе продефилираат и Џон Траволта, Итан Коен, Бенисио дел Торо, а на актерите Вајола Дејвис и Бил Мареј ќе им бидат врачени награди за животно дело, наведува „Банана-филм“.

Покрај Климоска, Теодосиева и Тоциновски кои ќе присуствуваат во Рим на светската премиера, во актерската екипа на „Врба“ се и: Петар Мирчевски, Ненад Нацев, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ и Никола Ристески.

Директор на фотографија е Унгарецот Тамаш Добош, дизајнер на продукција е
долгогодишниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс.

врба рим светска премиера
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Папата Лав успешно опериран во Рим

октомври 14, 2026

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.