Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл

ноември 5, 2026

Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги

ноември 5, 2026

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот

ноември 5, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Свечена церемонија за прием на професионални војници во АРМ
Македонија

Свечена церемонија за прием на професионални војници во АРМ

октомври 30, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска на свеченост во касарната „Илинден“ им ги врачи договорите за работа на 125 нови професионални војници, втора група војници која годинава го подмладува составот на Армијата на Република Македонија.

Шекеринска на новопримените професионални војници им посака добредојде во големото семејство на Армијата, каде заедно со своите постари и поискусни колеги, ќе бидат столбот на државноста и сувереноста на татковината.

Министерката порача дека по овој прием на 125 професионални војници, веднаш се пристапува кон објавување на третиот јавен оглас, со што оваа година ќе се заокружи приемот на вкупно 375 војници во редовите на АРМ.

„За многумина политиката и искреноста се две паралелни линии кои никогаш не се допираат,но јас не се согласувам. Мислам дека без искреност, отвореност за проблемите, без транспарентност, не може да постои успех во решавање на ниту еден од тие проблеми и затоа од почетокот на оваа година се трудиме она што ќе го најавиме да го испорачаме. На почетокот токму на оваа година ветивме дека 2018 година ќе биде година на подмладување на составот на АРМ и дека во текот на годината ќе распишеме три огласи со кои Армијата ќе се засили со 375 нови професионални војници. Го одржавме зборот и во поглед на нашите стратешки приоритети“, рече министерката.

Поканата за членство во Алијансата е факт и реалност и веќе се започнати пристапните разговори со НАТО, за кои министерката изрази очекување да завршат брзо, ефикасно и квалитетно.

„Вие сте првите кои ќе ги почувствувате многу директно во вашата секојдневна работа, придобивките од членството во НАТО. Ќе можете да создавате уште поголем престиж и за вас лично како професионалци, меѓутоа и за Армијата која што ќе ја претставувате и тоа ќе го правите со најмоќните светски армии од најразвиените држави во светот. Ќе можете да бидете горди што секој од вас со вашата работа, упорност и професионалност ќе може да даде личен придонес кон овој процес на интеграција кој ќе донесе нова ера за Македонија, како 30. членка на НАТО-алијансата“, истакна министерката.

Шекеринска истакна дека Армијата е институција која го ужива најголемиот углед кај граѓаните на Македонија и дека тоа е причина повеќе континуирано да се работи на нејзиниот развој.

„ Буџетот за Армијата оваа година порасна за 15 проценти, и ќе продолжи да расте со точно определена динамика секоја следна година. Од тоа нема да отстапиме и затоа превземавме обврска и пред вас и пред нашите сојузници. Влегувате во Армија во која вработените оваа година, после долги години занемарување за прв пат добија покачување на платите од 10 проценти… Она што сакавме оваа година да постигнеме е да покажеме резултати во делот на елементарните предизвици со кои Армијата за жал мора да се справува, како што се униформи и чизми. Оваа година за прв пат успеавме да потпишеме договор за набавка на чизми со кои што за секој припадник ќе го решиме овој проблем. Продолжуваме со набавката на нови униформи, кои убедена сум дека вие ќе бидете меѓу првите кои што ќе ги носите. Ова се теми коишто не би требало да заземаат голем простор во нашите денешни дискусии, но се теми кои долги години не биле решени“, рече министерката и додаде дека следната година Министерството ќе може да се фокусира на главниот процес – модернизацијата и опремувањето кои што ќе донесат нова и напредна техника и технологија.

Министерката на професионалните војници им порача дека Армијата во која влегуваат се развива брзо и ги повика заедно, здружено и сплотено сите да работат за Министерството и АРМ да бидат подобри, поефикасни и попрофесионални.

„Ви честитам на изборот, сте биле меѓу најдобрите, сте успеале да поминете тежок процес на тестирања. Сега ќе ви треба истата енергија, истата сила и истата посветеност, за да покажете колку може да и понудите на Република Македонија“, рече министерката.

Во втората група од 125 професионални војници примени годинава, има 14 припаднички на женскиот пол, како и 23 граѓани на Македонија од Албанска, Турска, Бошњачка, Српска и Ромска националност. На свеченоста во касарната „Илинден“ присуствуваше и началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, заменикот- началник на ГШ на АРМ, генерал-мајор Азим Нуредин и државниот секретар во МО, Драган Николиќ.

актуелно Алијанса вијници НАТО шекеринска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл

ноември 5, 2026

Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги

ноември 5, 2026

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот

ноември 5, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.