“Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема друг начин на деjствување освен ширењето лажни вести, измислици и невистини преку кои се обидува да ги манипулира граѓаните“, рагираат од владејачката СДСМ на денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека при јавно објавен договор, опозициската ВМРО-ДПМНЕ се осмелува да ја лаже јавноста и да ја потценува интелигенцијата на граѓаните.„Во договорот јасно стои дека приоритет им се дава на ендонимите, наместо егзонимите, и тоа важи подеднакво и за двете страни. Приоритет на едно не значи забрана за друго. Со тоа се обезбедува чисто и соодветно решение согласно со меѓународните стандарди“, стои во соопштението на СДСМ.
Оттаму додаваат дека договорот предвидува и формирање заеднички комитет кој ќе работи во согласност со начелата и целите на УНЕСКО и Советот на Европа, а неговото дејствување исто така ќе важи за двете страни подеднакво.
„Во интерес на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ мора да престане со лажните вести и да се вклучи во процесот што обезбедува решение на 25-годишен спор, што го зајакнува и зачувува македонскиот идентитет, македонската посебност и македонскиот јазик. ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочи македонската иднина“, бараат од владејачката партија.







