ВМРО-ДПМНЕ сами ги констатираа и ги признаа состојбите и штетите од нивното 11 годишно криминално владеење кога, велат од СДСМ со соопштение за јавност.
„Времето кога парите на граѓаните се трошеа на луксуз и криминални интереси на Никола Груевски, додека граѓаните и државата тонеа во долгови и сиромаштија, заврши.
„Граѓаните на фер слободни и демократски избори, слободно и по сопствена волја ставија крај на 12 и пол годишното криминално, расипничко и неспособно владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.
„Во Македонија доаѓа живот, Владата предводена од СДСМ продолжува да работи одговорно и отчетно и да ги спроведува мерките што се во интерес на граѓаните и што носат живот за сите.
„Економијата заживува, платите и пензиите растат, решени се децениски проблеми на различни категории граѓани, се намалуваат трошоците за живот и се повеќе пари се враќаат назад во семејните буџети.







