„Недела да биде неработен ден за работниците и работничките станува реалност“, известуваат од СДСМ.
Надлежната Собраниска комисија го усвои Предлог Законот за работни односи и даде зелено светло од први јануари да почне примената на законското решение недела да биде неработен ден.
Во интерес на работниците, од владеачката партија очекуваат Законот биде усвоен и на пленарна седница.
„СДСМ стои зад работниците, сакаме заеднички да овозможиме позадоволни и попродуктивни работници и работнички на пазарот на труд од кои придобивки имаат сите“, велат социјалдемократите и додаваат дека недела, неработен ден, и поголема минимална плата се социјалдемократски политики заради што СДСМ со партнерите од Владата поднесе и силно ги поддржува измените на законите во интерес на работниците.
Право на Синдикатот, сметаат од партијата, е на свој начин да се бори за остварување на овие права заради што тие, како партнер на синдикатите, тоа го поддржувале.







