ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски приземно и неодговорно си поигруваат со чувствата на граѓаните, реагираше СДСМ по прес конференцијата на Нацев.
„Изживувањето со граѓаните, поигрувањето со нивните судбини, попречувањето на правдата и злоупотребите на судските процеси беа главна одлика на 11-годишното криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ, партија што и денес како опозиција продолжува со ниското и приземно ниво на злоупотреба на човечките трагедии. За ВМРО-ДПМНЕ, несфатливо е дека времето кога политиката се мешаше во судството, а процесите партиски се нарачуваа и монтираа, заврши со заминувањето на таа партија во опозиција. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ очајнички, ниско и скандалозно се обидува да манипулира и си поигрува со чувствата на граѓаните“, смета СДСМ.







