Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Северна Македонија во очекување на одлука за датум за преговори, државниот врв верува во поддршка
Политика

Северна Македонија во очекување на одлука за датум за преговори, државниот врв верува во поддршка

октомври 12, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Граѓаните и Северна Македонија се во очекување на датумот за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ.

Друга алтернатива за државниот врв не постои и верува во поддршка од земјите членки.

„Северна Македонија ги исполни буквално сите предуслови за почеток на преговорите. Стабилноста на целиот регион е поврзана директно со евроинтегративните процеси, а Западен Балкан е дел од Европа исто толку важен за проектот на обединета Европа, како и за земјите основачи“, истакна претседателот Стево Пендаровски вчера на прес-конфернција во Виена по средбата со претседателот Александер Ван дер Белен, Сојузниот претседател Ван дер Белен, кој на средбата со Пендарвоски реафирмирајќи ја австриската поддршка во нашите евроинтеграциски процеси, истакнал дека нашата држава заслужува да добие датум за почеток на претпристапните преговори.

Според премиерот Зоран Заевинтересот на Република Северна Македонија да почне преговори со ЕУ не се само наш интерес, туку и интерес на целиот регион.

Тој очекува Софија да даде поддршка на почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ и оти тоа е и обврска и од Договор за пријателство, добрососедство и соработка.

„Бугарскиот и македонскиот народ се пријателски народи. Ние политичарите треба да им служиме. Јас верувам дека Бугарија ќе даде поддршка на добивањето датум за почеток на преговори на РСМ со ЕУ. Толку долго очекувана одлука, веќе 15 години. Тоа е и обврска и од Договорот што го имаме, за кој мора двете страни да водат грижа за неговото исполнување. Јас сум среќен што постигнавме Договор за пријателство, добрососедство и соработка. Тој Договор заокружи значајни поглавја досега, веројатно застанавме за не така лесно поглавје, кое што треба преку комисиите, воспоставени од двете страни, да го решиме. Ние сме со намера да продолжиме да ги решаваме работите и да ги изнаоѓаме начините, од каде двете земји и двата народа ќе излезат како победници“, рече Заев.

За вицепремиерот Бујар Османи, кој една недела пред донесување на одлуката, беше во посета на Италија, смета дека нашите напори привршуваат и кредибилитетот на Европската Унија од денес е во рацете на земјите членки.

„Не можеше подобар финиш на турнејата по европските метрополи во пресрет на октомврискиот самит на ЕУ, од денешната посета на Италија. Со новиот министер за европски прашања, Винченцо Амендола, не само што обезбедивме зелено светло за почеток на преговорите, туку и цврсто уверување од Амендола дека Италија ќе ги искористи сите можности за да се обезбеди потребниот консензус за Република Северна Македонија“, изјави вицепремиерот Османи.

И претседателот и премиерот не очекуваат пречка во добивањето датум за преговори да биде Франција, која сака да поднесе предлог за нова методологија во пристапните преговори за членство во ЕУ идната недела на министерскиот состанок во Луксембург, со што би можело по трет пат да се одложи одлуката за отворање преговори за Албанија и Северна Македонија.

„Франција е голем пријател на РСМ. Информациите ни кажуваат дека се бара методологија која ќе ги убрза преговорите, но може и да ги врати назад кога не успеваат државите. И тоа е фер позиција затоа што ние не сакаме само да преговораме, да отвараме и затвараме поглавја, туку сакаме да се трансформираме кон подобро и да станеме еднаква, од сите можни аспекти, земја и народ со Европа и европските народи. Верувам низ потребата на Франција и други земји да се вгради една таква методологија, сепак, нема да биде пречка за донесување на одлуката за
почеток на преговори со ЕУ. Нема земја која денес е членка на ЕУ или преговара со ЕУ која направила повеќе од РСМ за да ја добие заслужената одлука за почеток на преговорите, вели Заев подвлекувајќи дека е оптимист и дека сепак не би сакал да избрзува со какви било заклучоци“, вели Заев.

Претседателот смета дека Франција нè блокира, и дека не станува збор за француско вето за почеток на пристапните преговори.

„Франција со право бара подобрување на методологијата во преговорите со која што придобивките и напредокот при преговарањето, по сите различни поглавја, 35 како што се предвидени, да биде неповратен. Значи, кога ќе се оствари напредок да има јасни критериуми дека тоа е напредок, и дека нема да има назадување неколку години откога ќе ги поминете преговорите и откако ќе станете членка на Европската Унија“, рече Пендаровски.

Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние изјави дека прашањето за датумот е едно, а друго се принципите, кои се важни колку што е важно и да соработуваме.

„Ако има нешто што нè обединува, нас европските претставници, тоа е едно нешто: на Северна Македонија, по сите досегашни напори и напорите што ќе следуваат, местото ѝ е помеѓу нас во ЕУ, да соработуваме. Можам да ви кажам дека сме мотивирани за соработка“, изјави Тимоние на новинарско прашање по свеченоста по повод 11 Октомври во Куамново.

актуелно преговори северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.