Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, демантира дека партијата чиј лидер е тој ќе ја напушти владината коалиција по локалните избори.
Во изјава за Алсат-М, Села тврди дека тоа се шпекулации и дека нив ги шири Демократската унија за интеграции.
„Станува збор за дезинформации што ги шири ДУИ во функција на локалните избори, сакајќи да ги заплаши луѓето, онака како што постапувале секогаш. Тоа не е воопшто точно затоа што за тие прашања не одлучува ДУИ. Ние во Владата сме главни носители на реформите што таа ги прави и ние сме гарант за реформите. Не може гарант за реформите да биде еден политички субјект кој создавал проблеми како што е ДУИ. Затоа, станува збор само за шпекулации и пропаганда на ДУИ и ништо повеќе – вели Села.







