Политичкиот аналитичар Даниел Сервер смета дека договорот што Македонија го потпиша со Грција не е само голем исчекор напред за двете земји туку и за целиот Балкан, јави дописникот на МИА од Вашинтон.
Сервер укажа на тоа дека ако договорот помине и во двата парламента и на референдумот во Македонија „тоа ќе ја подобри стабилноста и ќе го направи регионот попривлечен за странски инвеститори“.
„Останаа уште две важни прашања поврзани со војната и мирот на Балканот, а тие се нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина и напорите да се создаде функционална држава во Босна“, истакна Сервер.
Даниел Сервер е професор на уноверзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон. Тој е поранешен американски претставник во Босна во улога на медијатор помеѓу Хрватите и Босанците во преговорите за Дејтонскиот мировен договор.
Сервер во моментот ја предводи програмата за менаџирање конфликти на универзитетот и во последниве години беше доста критичен спрема ЕУ и повикуваше забрзување на процесот на евроинтеграција на земјите како Македонија, Босна и Косово.







