Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сергеј Лавров: „Буча требаше да ги ‘минира’ руско-украинските преговори!“
СВЕТ

Сергеј Лавров: „Буча требаше да ги ‘минира’ руско-украинските преговори!“

април 6, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени вчера дека откривањето на телата во украинскиот град Буча е „провокација“ што требало да ги минира преговорите меѓу Киев и Москва кои се во тек.

„Се поставува прашањето: Која е целта на оваа отворена провокација полна со лаги (…) Дојдовме до заклучок дека таа требаше да биде изговор за поткопување на преговорите“, рече Лавров во видеото објавено на руската телевизија.

Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат. Минатата недела, по состанокот во Истанбул, Москва објави дека драстично ги намалува воените дејствија во северна Украина. Киев, од друга страна, достави предлози до Москва во кои бара меѓународен договор кој би го потпишале држави кои ќе ја гарантираат неговата сигурност.

Украина, за возврат би прифатила статус на „ненуклеарна“ и неутрална земја, би се откажала од членството во НАТО и од воспоставување странски воени бази на нејзина територија.

Москва, според овие украински предлози, не треба да се противи на влезот на Киев во Европската унија.

Кремљ се уште официјално не одговорил на овие предлози и преговорите продолжуваат преку видео-конференција.

Како што рече Лавров, ситуацијата во Буча треба „да го оттргне вниманието од преговарачкиот процес, да го оттргне вниманието од фактот дека украинската страна, по Истанбул, почна да се ‘враќа’ и се обидува да поставува нови услови“. Сепак, тој нагласи дека Русија е „подготвена“ да ги продолжи преговорите.

Овие обвинувања доаѓаат во време кога меѓународната јавност е згрозена од откривањето на голем број трупови во Буча, по повлекувањето на руската армија. Киев го осуди рускиот „масакр“, а Москва негира каква било одговорност и тврди дека сето тоа е претстава која сигурно ќе се повтори.

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)

актуелно Буча војна Киев Москва русија Сергеј Лавров Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.