Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СЕФФ: Преку концептот зелена економија до отпорна економија со забрзан раст
Економија

СЕФФ: Преку концептот зелена економија до отпорна економија со забрзан раст

мај 26, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Природните непогоди поврзани со климатски промени го намалуваат растот за 0,4 процентни поени во просек, додека кај помалку развиените економии и до 0,7 процентни поени, покажуваат пресметките на Меѓународниот монетарен фонд. Проценките се дека во претстојниот период негативниот ефект ќе биде уште поголем, особено кај помалку развиените економии, што укажува дека од особено значење е да се имаат предвид климатските промени при креирањето на идни економски политики.

„Енергија, зелена транзиција и инфраструктура“ е еден од столбовите врз основа на кој ќе се темели дискусијата на претстојниот Скопје економски финансиски форум – СЕФФ, кој се одржува во организација на Министерството за финансии на 30 и 31 мај и на кој државници, признати експерти од областа и бизнис заедницата ќе дебатираат на тема „Одржување економски раст во време на неизвесност и потоа“.

„Тековната криза покажа колку светот може да биде ранлив на движењата на пазарните цени на енергијата и храната. Оттаму вложувањето во одржлива енергија и одржливо земјоделство се искачија на врвот на агендата на приоритети на креаторите на политиките. Концептот „зелена економија“ подразбира економија која е отпорна и е во состојба да создаде подобар квалитет на живот за сите во еколошките граници. Овој сеопфатен концепт го поттикнува и намалувањето на сиромаштијата, развивањето на руралните подрачја, безбедноста на храната, пристап до чиста вода и енергија. Секоја земја треба да има долгорочен план за развој на зелената економија со јасно определени приоритетни подрачја, стои во соопштението од тимот на СЕФФ.

Како што објаснуваат, во насока на финансирање на зелената агенда, Министерството за финансии во Планот за заздравување и забрзување на економскот раст, предвиде начини за финансирање на зелената агенда, а тоа да не резултира со проширување на дефицитот. Преку Планот ќе се мобилизираат средства од приватниот сектор во насока на реализација на проекти кои ќе го забрзаат економскиот раст и ќе продуцираат додадена вредност, а воедно ќе бидат во насока на еколошките стандарди.

Планот за заздравување и забрзување на економскиот раст воведува нови финансиски инструменти кои се насочени кон исполнување на „Зелената агенда“ и зелената транзиција, како зелените обврзници кои имаат за цел мобилизирање на средства кон проекти за унапредување на животната средина, односно подобрување на енергетската ефикасност, намалување на загадувањето, одржливо земјоделство, заштита на водниот и копнениот екосистем, обезбедување чист транспорт и одржливо управување со водите, негување технологии што се еколошки, итн. Со Планот се предвидува и формирање фонд за енергетска ефикасност, во рамки на Банката за развој на Северна Македонија, а средствата, меѓу другото, ќе бидат наменети за идни енергетски ефикасни инвестиции, како и финансирање на инвестициите во енергетска ефикасност и обновлива енергија во јавните згради. Исто така, предвидено е финансирање и преку Фонд за поддршка на мали и средни претпријатија за нивен раст и развој, како и стратешки зелен инвестициски фонд со цел инвестирање во проекти на големи претпријатија.

„Подигањето на општата свест за климатските проекти и зелената економија, е особено значајно бидејќи инвестирањето во зелени проекти, пред се, одржлива енергија и одржливо земјоделство ќе ја направи нашата економија значително поотпорна на глобални шокови од типот на овие кои се соочуваме во моментот, стои во соопштението. 

актуелно економија зелена сефф
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.