Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Се договара владина реконструкција
Македонија

Се договара владина реконструкција

мај 31, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Разговорите на коалиционите партнери СДСМ и ДУИ околу најавената реконструкција на Владата се во тек и според најавите на премиерот Зоран Заев првите промени се очекува да се случат најдоцна до средината на јуни.

Тој засега не открива имиња, но како што изјави, знае кои лица би ги поставил на местата кои ќе бидат испразнети по најавената „метла“ во Владата и други државни институции.

„Веќе разговарам со луѓе особено нови луѓе кои треба да дојдат на позиции кои ќе бидат променети и испразнети. Разговорите течат. Секое слободно време го користам за да разговарам со тие луѓе за да можам да потврдам дека се нафаќаат и прифаќаат да ја работат таа работа, така што верувам дека ќе стигнам не подоцна од крајот на првата половина на јуни, изјави вчера Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Според Заев, партнерските односи со ДУИ се стабилни, а довербата меѓу него и лидерот на ДУИ е голема. Свесни сме, вели тој, дека имаме одредени слаби кадри во нашите редови и затоа и зборуваме за промените и тие се случуваат.

Дека разговорите меѓу коалиционите партнери финишираат потврдуваат и од ДУИ од каде велат дека 90 проценти од работите се завршени. Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити за „Алсат М“ вчера изјави дека наредните денови се очекува да биде познат новиот формат на Владата, која според него, би се викала Влада „Заев2“  и би се концентрирала на економијата и капиталните инвестиции.

„Мислам дека 90 проценти од прашањата се затворени. Очекуваме наредните денови да заврши договорот и да излезе во јавноста новиот формат на Владата. Ако ме прашувате за имиња, не ги знам, изјави Меџити во емисијата „Патот кон“.

Во јуни се очекува да се одржи и седницата на Собранието на која би се избирале новите министри во Владата. Според претседателот на Собранието, Талат Џафери, од 7 јуни натаму би можело да се одржи првата наредна пленарна седница на која би се гласало за одземање на мандатот на поранешниот премиер и пратеник Никола Груевски, а доколку стаса предлог од премиерот, и да се изберат нови министри.

„Од 7 јуни натаму во кој било термин може да се свика седница без оглед дали тоа ќе се однесува на најавените предлози од Владата или друга редовна седница која би се свикала за пристигнати материјали. На првата наредна седница би требало да се расправа околу извештајот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања за недоаѓањето на Груевски шест месеци, рече вчера Џафери на средбата со новинарите.

Според него, не е спорно на иста седница да бидат и двете точки на дневниот ред.

актуелно владина договр реконструкција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.