Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Се намалува бројот на пациенти во болниците, за подобри резултати да се почитуваат новите мерки
Во Фокусот

Се намалува бројот на пациенти во болниците, за подобри резултати да се почитуваат новите мерки

декември 20, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бројот на пациенти кои се примаат во болниците се намалува, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче, кој очекува дека новите рестриктивни мерки што ќе важат до 20 јануари ќе дадат уште подобри резултати, но и дека граѓаните со својата свест и совест треба сериозно да им помогнат на здравствените работници.

На инфективните одделенија и ковид-центрите во болниците, според вчерашната статистика на Министерството за здравство, се лекуваат 1238 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот–470 се во Скопје и 768 во болниците во другите градови. Од 470-те хоспитализирани во главниот град, 186 лежат во ковид-центрите на интерните клиники, 144 на Инфективната клиника, 102 во ГОБ „8 Септември“ и 38 во Институтот за белодробни заболувања кај деца–Козле.

За едно деноноќие, според податоците од вчера, во ковид-центрите во Скопје биле хоспитализирани 36 пациенти поради компликации од коронавирусот.

На интерните клиники биле примени 14, а во ГОБ „8 Септември“ и на Инфективната клиника по 11 нови пациенти.

На домашно лекување, пак, биле пуштени 39 оздравени пациенти од скопските болници.

Според информацијата на Министерството за здравство од вчера, има околу 270 празни болнички кревети во ковид-центрите, но тој број, како што напомна, е променлив од час во час зашто во текот на денот има приеми, но и исписи на оздравени пациенти, со што се ослободуваат дополнителни легла.

За две до три недели се очекува да биде изградена модуларна болница–инфективно одделение во Кавадарци.

На предлог на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, Фондацијата „Никола Јанчев” донираше милион денари за болницата во Кавадарци кои се наменети за централна кислородна станица во модуларната болница.

Министерството за здравство вчера повика на хуманост од оздравените пациенти кои ги исполнуваат условите, да закажат во Институтот за трансфузиска медицина дарување конвалесцентна плазма која овозможува да се спаси живот.

Повеќе од 400 пациенти со КОВИД-19 досега се третирани со плазма од вкупно 449 дарители–оздравени пациенти, чии антитела се користат за сузбивање на болеста кај друг болен од КОВИД-19.

Институтот обезбедил 502 единици конвалесцентна плазма за третман на заразени пациенти, од кои 399 единици преку стандардно дарување и 103 преку аферезна процедура од вкупно 48 донори.

Владата на Литванија вчера донираше скафандери, заштитни маски и
средства за хигиена наменети за справување со епидемијата во нашата
земја. Медицинската помош вчера му беше врачена на министерот за
надворешни работи Бујар Османи од нерезидентниот амбасадор на
Литванија за земјава со седиште во Загреб, Јурате Рагукјене.

Во изминатото деноноќие беа регстрирани нови 815 случаи на КОВИД-19 од направени 2664 тестирања.

Починале 20 лица, а оздравеле 396пациенти.

Вкупниот број на ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата достигна 77 949, оздравени се 53 345, битката со коронавирусот ја загубија 2274, а активни во моментов се 22 330 лица.

Досега се направени 379 229 тестирања на КОВИД-19.

актуелно Болници мерки пациенти
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.