Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Се намалува преносливоста на вирусот, но притисокот врз болниците е сè уште голем, вкупно хоспитализирани 1225 пациенти
Во Фокусот

Се намалува преносливоста на вирусот, но притисокот врз болниците е сè уште голем, вкупно хоспитализирани 1225 пациенти

ноември 18, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Анализите на Министерството за здравство покажуваат дека е намалена преносливоста на коронавирусот. Факторот на преносливост R0 (ер нула), е намален од 1,5 на близу 1. Тоа значи дека еден човек при непосреден контакт заразувал 1,5 човек, а сега анализите покажуваат дека заразува помалку од 1“, објасни вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот рече дека мерките даваат резултати, но предупреди оти вирусот е непредвидлив и во даден момент може да се влоши клиничката состојба на пациент, па да треба голем број пациенти да се хоспитализираат.

„Тоа значи огромен притисок врз здравствениот систем“, изјави Филипче.

Министерот потенцира дека засега не е потребно воведување на полициски час, но од друга страна ја потенцираше важноста за почитување на мерките поради сериозниот притисок на здравствениот систем и брзото исполнување на болничките капацитети, како и недостаток на медицински кадар.

„За разлика од пролетта и летото, во овој период од годината вирусот има силна локална трансмисија“, рече вчера Филипче.

Преносливоста на вирусот е намалена, но притисокот врз болниците е сè
уште голем.

Според вчерашните информации, во инфективните оддели во Скопје и болниците низ земјава вкупно се хоспитализирани 1.225 пациенти.

Во ковид-центрите во болниците низ земјава, пријавено е дека се лекуваат 640 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнително
152 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 792.

„Во болниците во внатрешноста има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла“, информираат од Министерството.

Во Скопје во ковид-центрите, претходното деноноќие биле хоспитализирани 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.

Вкупно 433 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Голем дел од хоспитализираните се на кислородна поддршка“, соопшти вчера
Министерството за здравство.

Од неделата, пациенти сомнителни и потврдени за Ковид-19 се примаат и во ковид центарот на Клиниката за нефрологија.

Таму во моментов се сместени 14 пациенти и има уште 11 слободни кревети.

И покрај големиот број на приеми во текот на завчерашниот ден, вчера имало 20-тина слободни места.

Во наредните неколку дена со работа ќе почне и ковид центарот на Клиниката за оториноларингологија.

Во претходното деноноќие биле регистрирани 977 нови случаи на коронавирусот од направени 2930 тестирања, 843 оздравени пациенти, а починати 31 лице.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 48613, бројката на оздравени пациенти е 28646, бројот на активни случаи изнесува 18591, а на починати 1376.

За дел од смртните случаи Државниот санитарен и здравствен инспекторат иницира стручни надзори.

Во тек се надзори за починати пациенти од КОВИД-19 во Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка.

„Последните два месеца од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат до Министерството за здравство, по извршен инспекциски надзор и обезбедена документација, иницирани се четири стручни надзори за пациенти починати од Ковид-19, а во тек се надзори за починатите пациенти од Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка“, информираа вчера од Министерството за здравство.

„Стручни надзори за пациенти починати од Ковид-19, за последните два месеца од страна на ДСЗИ до МЗ, по извршен инспекциски надзор и обезбедена документација, иницирани се четири надзори за пациент од Свети Николе, два од Струмица и од Ресен. Во тек се инспекциските надзори за починатите пациенти од Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка“, се вели во соопштението од МЗ.

Од страна на ДСЗИ, во наредниот период ќе бидат извршени надзори за уште четири пациенти починати од Ковид-19.

Во врска со случајот со починатата 41-годишна жена од Штип, штипската болница треба во рок од три дена да го извести ДСЗИ за нејзиното лекување.

ЈЗУ Клиничка болница Штип треба во рок од три дена да го извести Државниот санитарен и здравствен инспекторат од ПО Штип за утврдената фактичка состојба за спроведеното лекување на починатата пациентка од КОВИД-19 и околностите кои довеле до смртен исход.

По завчерашниот вонреден инспекциски надзор од ДСЗИ директорот на ЈЗУ Клиничка болница Штип е задолжен веднаш да се состане Комисијата за следење на квалитет на здравствената установа.

Независно од работата на Комисијата, во текот на вчерашниот ден е инициран стручен надзор над работата на здравствената установа и здравствените работници во врска со третманот на пациентката, до министерот за здравство.

актуелно Болници вирус преносливост
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.