Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Се отвора дебата за законот за дивоградби
Македонија

Се отвора дебата за законот за дивоградби

мај 19, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владата отвора дебата за Предлог-законот за легализација на бесправно изградените градби, што е вратен во Собранието по одлуката на претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпише Указот за прогласување на Законот.

Ќе бидат отворени за доработка предлозите кои се однесуваат на временскиот период со кој треба да биде опфатена легализацијата на дивоградбите, потоа реалната дистинкција меѓу објектите кои се за лично домување и оние кои се изградени како станбени згради за профит, како и прашањето за категорична и јасна законска одредба дека со легализација нема да бидат опфатени бесправно изградените објекти во заштитените подрачја, како и сите други укажани прашања на кои посочија јавноста и граѓаните.

Според министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, уставната можност што ја искористи претседателот да не го потпише законот е уште една шанса заедно да се дискутира со јавноста, пратениците и експертите и да се најде начин за да им се помогне на граѓаните.

„Како Влада бараме предлози како да го подобриме ова законско решение“, изјави вчера Бочварски, и додаде дека е неприфатливо за државата да замижува пред проблемите и да ги става под тепих или најлошо од се, да остави статус кво и проблемите да стојат, никој да не се грижи за тоа.

Посочи дека бројот од околу 50.000 дивоградби што според првичните проценки треба да бидат опфатени со овој закон го утврдиле од комуникацијата со општините, коишто имаат одредени сознанија и информации и во однос и на претходниот закон колку барања за легалзаиција се одбиени, колку се во процес на работа.

„Од тој аспект, градови или општини со средна големина, како Штип, Струмица, Велес, имаат по две до три илјади објекти, според нивните проценки, коишто немаат решен правен статус. Тоа се во најголем дел објекти на наши сограѓани кои успеале да изградат кров над глава за себе и за своите семејства и токму поради тоа Владата овде е прва одговорна заедно со Собранието да бараме решение и начини да ги решаваме проблемите, а не да ги ставаме под тепих. Поради тоа ова прашање, овој закон е поднесен во Собранието уште во 2019 година, доста долго време во јавнота е отворено, дискутиравме и се донесе во дискусија и со пратениците и пратеничките групи“, рече Бочварски.

Против повторно носење на нов Закон за утврдување павен статус на бесправно изградени објекти се изјасни Асоцијацијата на архитекти на Македонија, затоа што, како што вчера наведоа, тој ги суспендира сите важечки прописи за урбанистичко планирање кои се грижат за квалитетот на изградениот простор и дава погрешен сигнал дека бесправното градење нема да се казнува.

„Доколку сепак, и покрај сите наведени причини Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти биде донесен, инсистираме во законот задолжително да се вметне потребата од спроведување на сите постапки, неопходни за добивање дозвола за градба. Ги повикуваме и колегите од Комората на градежни инженери и другите струкови здруженија да не поддржат во оваа иницијатива“, велат од Асоцијацијата.

Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, наведуваат од Асоцијацијата, е во колизија со важечките закони за урбанистичко планирање и законот за градење, бидејќи истиот ја негира нивната суштина која се однесува на процедурите востановени за стратегиско планирање и организирање на изградената средина и управување и заштита на природните ресурси.

Бочварски, пак, истакна дека во новиот Закон за легализација на дивоградби внесени се и казнени пенали за граѓаните, кои нелегално граделе.

„Тоа значи дека ако комуналиите во Општина Штип се 50 евра, секој оној што легализира ваков објект ќе треба да плати 75 евра по метар квадратен со цел неговиот објект влезе во правна рамка доколку ги исполнува и сите останати критериуми и услови, за разлика од претходниот Закон, кој беше едно евро за м/2 и ова е вториот аспект и секако Законот за урбанистичко планирање, што веќе е донесен, Правилникот за урбанистичко планирање, кој е веќе донесен. Ние покажуваме дека со транспарентни постапки и процеси правиме сериозен фронт и борба против ваквиот тип на градба“, вели Бочварски.

Но, како што рече, во моментов мора да се соочиме дека на терен, во општините, такви објекти постојат.

Законското решение беше донесено минатата недела во Собранието, по што претседателот Пендаровски не го потпиша Указот за негово прогласување. Согласно законските прописи доколку претседателот не потпиша указ законот се враќа повторно во собраниска процедура.

Претседателот порача дека доколку Собранието вторпат го изгласа со потребното мнозинство од 61 пратеник, ќе мора да го потпише указот за негово стапување во сила, бидејќи, како што рече, „со првото непотпишување се исцрпуваат неговите уставни надлежности“.

„Ако ме прашувате за мојата реакција доколку тој би дошол повторно кај мене, ставот е апсолутно јасен. Немам намера да не го почитувам Уставот, да изигрувам некаков претседател кој има тн. џебно вето, да не се произнесувам. Ако тој закон биде изгласан со потребното мнозинство вторпат, се разбира истиот ден ќе го потпишам иако имам серија забелешки. Според она што го кажа премиерот, ќе бидат земени
во предвид сите забелешки и ќе се разговара за нив, меѓутоа тука завршува мојата уставна надлежност. Ако решат буквално истиот текст да го усвојат со потребното мнозинство, 61, немам избор, апсолутно“, рече вчера Пендаровски.

 

 

(Фото: МИА)

актуелно дивоградби закон легализација собрание стево пендаровски указ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.