Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Се поставуваат ознаки на спомениците и се менува Сонцето од Вергина, согласно Договорот од Преспа
Македонија

Се поставуваат ознаки на спомениците и се менува Сонцето од Вергина, согласно Договорот од Преспа

август 15, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Започна поставувањето ознаки на спомениците, а се отстранува и Сонцето од Вергина од симболите на јавните институции и на јавните простори, но и од јавните објекти и површини, согласно Договорот од Преспа

„Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“, стои на  ознаката на споменикот „Воин на коњ“ на централниот плоштад во Скопје.

Поставена е и ознака на споменикот на Олимпија, на плоштадот и парк Ибни Пајко и таму пишува: „Во чест на Олимпија, историска фугура која припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно историско наследство“.

Името на спомениците останува исто, но се истакнува дека станува збор за историска фигура од античката хеленска историја. Вакви споменици има во неколку градови во земјава.

Наведеното на ознаките е напишано на македонски, на албански и на англиски јазик.

Започна и бришењето на симболот на поранешното знаме – Сонцето од Кутлеш од обележјата на јавните институции, објекти и јавните површини.

Впечатливо е дека тоа се менува и на шахтите во главниот град.

Поставувањето на ознаките следува по владината препорака до единиците на локалната самоуправа, државните и јавните институции, да ги почитуваат обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните.

Во Преспанскиот договор, во членот 8 став 2 се вели дека: „Во рок од шест месеци од влегувањето во сила на оваа Спогодба, Втората страна ќе го преиспита статусот со спомениците, јавните згради и инфраструктурата на нејзината територија и доколку истите на кој било начин упатуваат на античката елинска историја и цивилизација, што претставува составен дел од историското или културното наследство на Првата страна, ќе преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да го разгледа прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство“.

Започна и бришењето на симболот на поранешното знаме – Сонцето од Кутлеш од обележјата на јавните институции, објекти и јавните површини.

Впечатливо е дека тоа се менува и на шахтите во главниот град.

Оваа обврска е регулирана во член 8 став 3 од Преспанскиот договор во кој е посочено дека: „Втората страна нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме. Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа
спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отстранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опфатот на оваа одредба“.

Во однос на симболот на поранешното знаме (Сонцето од Вергина/ Кутлеш), државата има преземено обврска уште во 1995 година со Привремената спогодба конкретно член 7 став 2, дека нема да го употребува симболот во јавен простор од страна на јавни и државни институции. Користењето на симболот во јавен простор од страна на јавни и државни институции е регулирано уште во 1995 година.

Поставување на ознаките и отстранувањето на Сонцето од Вергина во Скопје е во надлежноста на градските власти и е под постојан видео надзор и редарска служба.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски вчера во изјава за медиумите рече дека одлуката на Владата за отстранување на симболот на Сонцето од Вергина е за општините, државните и локални институции и оти се импелементира сега согласно Преспанскиот договор. Во однос на приватното користење на симболот, Милевски рече дека тоа не може да забрани. За спомениците, треба само да се обележи дека тоа е споменик од античкиот период, од хеленистичкиот период.

актуелно вергина ознаки сонце споменици
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.