Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Се тргна надолу: Доларот слабее, цените на нафтата паѓаат
Берза

Се тргна надолу: Доларот слабее, цените на нафтата паѓаат

декември 20, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Американските акции паднаа на отворањето на денешното тргување под притисок на зголемениот број заразени со „омикрон“ варијантата на ковид и можниот дебакл на Законот за инвестициска потрошувачка во САД со вредност од 1,75 билиони долари, а цените на нафтата паднаа за повеќе од 5,0 отсто.

Американските берзански индекси паднаа за повеќе од 1,0 отсто, затоа што бројот на ковид позитивни се зголемува, што ги натера Велика Британија и другите европски земји да разгледаат нови рестриктивни мерки за да го запрат ширењето на вирусот, пренесе Ројтерс.

Индустрискиот индекс Дау Џонс (Dow Jones) падна за 1,85 отсто, на 34.711,73 поени, СиП 500 (S&P 500) е во минус за 78,78 поени, или 1,70 проценти, на 4.541,86 поени, а технолошкиот Насдак Композит (Nasdaq Composite) потона за 1,58 отсто, на 14.929,96 поени.

Европските берзи, исто така, денот го затворија со пад, па така паневропскиот индекс ЕуроСтокс 600 (EuroStox 600) ослабна за 1,4 проценти, лондонскиот ФТСЕ (FTSE) за 0,99 отсто, германскиот ДАКС (DAX) за 1,88 отсто и францускиот КАК 40 (KAK 40) за 0,82 отсто.

Индексот МСЦИ (MSCI), кој ја мери вредноста на акциите ширум светот, загуби 1,76 отсто од својата вредност.

„Во текот на минатата недела и викендот имаше троен удар врз економија на Соединетите Американски Држави – омикрон, ФЕД и симнување на фискалната иницијатива од дневниот ред. Зададен е удар на пазарот на капитал. Мислам дека инвеститорите ги проценуваат начините за економско ресетирање“, рече Џек Аблин, главен инвестициски директор во „Кретсет Капитал Менаџмент“ (Cretset Capital Management).

Предлог-законот на американскиот претседател Џо Бајден за инвестирање во инфраструктурата е доведен во прашање, бидејќи сенаторот Џо Манчин, умерен демократ, во неделата рече дека нема да го поддржи тој фискален пакет. По изјавата на Манчини, Голдман Сакс ја намали прогнозата на реалниот раст на БДП на Соединетите Американски Држави за првиот квартал од 2022 година, од 3,0 отсто на 2,0 отсто на годишно ниво.

Покрај тоа, американските Федерални резерви минатата недела одлучија побрзо да ја прекинат програмата за поттикнување од ерата на пандемијата, при што најавија и зголемување на каматните стапки за најмалку три четвртини процентни поени до крајот на 2022 година. Инвеститорите, исто така, стравуваат дека новите мерки за ограничување ќе влијаат на побарувачката за гориво, поради што цените на нафтата денеска нагло потонаа.

Американската сурова нафта ВТИ (WTI) падна за 6,35 отсто, на 66,36 долари за барел, а северноморската сурова нафта Брент (BRENT) падна за 69,59 долари за барел, што е пад од 5,35 проценти на дневно ниво.

На девизните пазари, доларот денеска се наоѓаше под притисок бидејќи приносите на американските државни должнички хартии од вредност паднаа.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на кошничката на ривалите, ослабе за 0,2 отсто, на 96.388 поени.

Приносот на тригодишните благајнички записи на Соединетите Американски Држави се „лизна“ за 3,5 базични поени на утринското тргување, на 0,891 отсто, информираше Ројтерс.

актуелно барел економија индекс капитал ковид нафта Омикрон
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.