Премиерот Борис Џонсон би можел да се соочи со гласање за доверба уште денеска, изјави утринава уредник на британската ИТВ, цитирајќи ги „бунтовниците“ во владејачката Конзервативна партија, откако британскиот лидер беше исвиркан на настаните за време на платинестиот јубилеј на кралицата во текот на викендот.
https://twitter.com/i/status/1532669448003395585
„Ториевските бунтовници очекуваат дека сер Грахам Брејди утрово ќе даде изјава во која ќе најави гласање за недоверба на Борис Џонсон“, напиша Пол Бренд на Твитер.
„Само Брејди ги знае точните детали, но ова сигурно звучи како дека ќе се гласа“, додаде тој.
Џонсон, кој беше назначен за премиер во 2019 година, е под се поголем притисок после штетниот извештај за забавите што се одржувале во неговиот кабинет и во резиденцијата на „Даунинг стрит“, во време кога Британија беше во строг карантин поради пандемијата со Ковид-19.
Десетици конзервативни пратеници изразија загриженост дека Џонсон (57) може да продолжи да ја води Британија, која се соочува со ризик од рецесија, раст на цените на горивото и храната, а моментно и со сообраќаен хаос во Лондон поради штрајк.
Ако Џонсон ја загуби довербата, ќе биде сменет од премиерската функција, а потоа ќе се донесе одлука за негова смена.
Најмалку 54 конзервативни членови на парламентот мора формално да упатат барање од претседателот на партискиот Одбор, Грахам Брејди, за гласање за доверба за да може да биде покрената постапка.
Писмата се доверливи, па само претседателот на комисијата знае колку всушност се доставени.
(Фото: АФП)







