Бројот на смртни случаи како резултат на Ковид-19 во Африка надмина 100.000, што е помалку отколку на другите континенти, но загрижува неговото ненадејно зголемување во моментот кога вториот бран на инфекција со многу хоспитализирани случаи го погоди овој континент.
– Зголемениот број на инфекции доведе до многу тешки случаи на болеста, а на некои земји им е доста тешко да се справат со таквата состојба, изјави Ричард Михиго, координатор на програмата за имунизација во канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Африка.
Бројот на евидентирани смртни случаи на африканскиот континент, кој моментално изнесува 100.354, е помал во споредба со Северна Америка, која објави повеќе од половина милион и Европа, која во моментов се приближува до бројката од 900.000 смртни случаи поради Ковид-19.