Во Хрватска заради силен ветер одделни патни делници се затворени за одредени категории на возила.
Само за автомобили отворени се автопатиштата А1, од Загреб за Сплит и Плоче, меѓу клучките Свети Рок и Масленица, и А6, од Риека до Загреб, меѓу клучките Киковица и Делнице.
Само за патнички возила отворена е и Јадранската магистрала (ДЦ8) меѓу Карлобаг и Света Марија Магдалена, како и Пашки мост.
На автопатот А7, на делницата меѓу Драга и Шмрика, и на Јадранската магистрала, меѓу Бакр и Нови Винодолски, забранет е сообраќајот за автобуси на кат, возила со камп приколки и мотоцикли.







