Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала е регистриран крај југозападниот брег на Јапонија.
Како што објави јапонската Метеоролошка служба, потресот е забележан во близина на островот Токаро, на длабочина од 20 километри.
Земјотресот е регистриран околу 11 часот по локално време.
Засега нема информации за направени штети или за повредени. Ниту, пак, е издадено предупредување за цунами.







