Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер ги стресе денеска Хаваи, соопшти Американскиот геолошки завод.
За сега нема информации дали во потресот има повредени и дали е причинета материјална штета и колкава е таа, јавува Ројтерс.
Земјотресот ја погоди областа во близина на вулканот Килауе.
Пацифистичкиот центар за предупредување од цунами соопшти оти не очекува да дојде до појава на големи бранови.







