Земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер го погоди денеска северниот дел на Италија.
Епицентарот бил недалеку од Милано, на длабочина од 30 километри.
За сега нема информации за евентуална штета и повредени.
Да потсетиме, земјотрес со јачина од 5,4 по Рихтеровата скала рано утрово ја погоди и Грција.
Епицентарот на потресот е регистриран на длабочина од речиси 58 килеметри во 5.16 часот во морето меѓу полуостровот Пелопонез и островот Крит, извести грчкиот Институт за геодинамика.
Грчките медиуми јавија дека земјотресот се почуствувал од Атина до Крит.







