Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил во морето, во близина на западниот брег на Турција, на длабочина од 10 километри, на 192 километри од Измир, се наведува во информацијата објавена на веб-страницата на Центарот.
Засега нема информации за евентуална штета или жртви.







